Достапни линкови

Случај Адеми - злоупотреба на функцијатa или политичка одмазда?


Министерот за образование и наука Арбер Адеми
Министерот за образование и наука Арбер Адеми

Случајот со министерот Арбер Адеми и двајца други државни фукционери околу кои се дигна прашина во јавноста откако просветниот инспектор излезе со тврдење дека незаконски се стекнале со наставно-научни звања отвори прашања дали станува збор за злоупотреба на функцијата или политичка одмазда?

Случајот со министерот за образование Арбер Адеми и двајца други државни фукционери околу кои се дигна прашина во јавноста откако просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски излезе со тврдење дека незаконски се стекнале со наставно-научни звања на тетовскиот универзитет, бидејќи во тој период работните места им биле во мирување, не се преседан, велат упатените кои додаваат дека вакви примери има во континутет со години наназад на сите високообразовни институции во земјава.

Изборите и унапредувањата во наставничките позиции на домашните високо образовни институции често ги следат контроверзи, лобирања опструкции.

По објавувањето на текстовите за нерегуларностите на тетовскиот универзитет Државниот просветен инспекторат се огради, велејќи дека наводите на инспекторот Илиевски не претставуваат официјален став на институцијата каде што тој работи и оти тие се изнесени како негов личен став и негова самоиницијатива. Државниот просветен инспекторат поради ова покрената постапка и даде налог до раководителот на секторот за инспекциски надзор да се спроведе вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово.

Случајот го истражува и Државната комисија за спречување корупција, бидејќи Илиевски и таму поднел претставка.

„Веќе имаат проблеми меѓу себе. Државниот просветен инспекторат се огради од инспекторот, но независно од тоа ние ќе ја утврдиме состојбата, ќе побараме документација и кога ќе одлучуваме, тоа ќе биде кажано на јавна седница“, изјави Нури Бајрами од ДКСК.

Во меѓувреме, во изминатите денови во јавноста се води дебата дали последниот случај со Адеми е последица на вршење политички притисок врз образованието или овие и сите други слични случаи на унапредување на научни позиции на одредени лица, кога нивната партија е на власт, се само потврда дека во нашите инститциите се наоѓаат луѓе кои можеби не се достојни за функцијата која ја извршуваат.

Упатените се сомневаат дека до доѓањето на повисоки научни звања може да се манипулира на разни начини.

Меѓутоа, професор Борче Давиткосвки вели дека стана дел од македонскиот фолклор секоја политичка власт која доаѓа да се пресметува со своите политички неистомисленици, особено во универзитетската фела и да врши притисок за начинот на избор и дали ги исполнуваат условите.

„Оној кој е надлежен да ја цени законитоста требало да крај да ја цени зоконитоста вака на овој начин невообичано е. Инспекторот има јавни овластувања, тој може да забрани да нареди, сега преку посреднички орган, преку ДККС преку „капиџик“ да земе да се интервенира за одредени нерегуларности. И ако се утврди нергуларност требало веднаш да се реагира. Тоа е исто кога на време се затвораа кафулиња на политички противници, тоа отприлика сега е исто“, вели Давитковски.

Но, во јавноста унапредувањaтa на поединци од власта во научни позиции се доживувават и како акти со кои интелектуaлците се ставаат во служба на политиката, но и обратно дека има се почести примери кога политичарите имаат желба да станат академици откако ќе дојдат на власт.

Граѓанскиот активист Јордан Шишовски вели дека системот не е многу унапреден, не само во овие две години или во изминатите 10 години, туку дека од времето на поранешната Југославија имало луѓе од академијата кои биле во служба на тогашниот режим. Тој мисли дека уште тогаш била спречувана можноста за развивање на некоја сериозна наука, но нагласува дека потоа во системот на слобода и демократија тоа дополнителоно се влошува.

„Имаме академска заедница која треба да биде критика на секоја власт и на некој начин совест на општествoто. Кај нас, во сите изминати влади и сегaшнава, гледаме дека академската заедница станува во служба на власта и голем дел од интелектуталците се прогандисти на системот“, вели Шишовски кој дополнува:

„За жал има и обратен процес кога политичари одеднаш стануваат академски граѓани. Не знам од каде е таа потреба. Во ред би било тоа ако се е по пропис, но некако не сум баш сигурен дека сите работи се движат по пропис и како што треба“, вели Шишовски

Во јавноста постои негативно мислење за изборот на државните функценери во доценти од страна на некои факултети зашто не секогаш се има увид во архивата на објавени трудови со кои тие би се категоризирале во повисоки позиции во науката.

„Во основа би требало сите научни трудови, особено магистерските и докторските да бидат достапни до јавноста. За жал имињата на некои познати личности и нивните тези се кријат, особено на некои приватни факултети. Треба да има систем кој ќе го проверува сето тоа и кога ќе се најде злоупотреба строго да се казнува“, вели Шишовски.


Атмосферата во академската сфера на овие теми главно ја карактеризира молчење, но професор Давитковски не крие дека со доаѓање на некои факултети се станува „ партиско дете“. Давитоквски вели дека секогаш секоја влада се обидува своето влијание да го наметне врз јавните универзитети особено УКИМ.

„Има и некои универзитети кои се веќе да не кажам и партиски чеда, но претпоставувам кај УКИМ и другиот колициски партнер ДУТ во Тетово, каде секогаш се водело сметки нивните кадри кои се таму и ќе влезат во владата да имаат одредени бенефети. Никогаш не се водело сметка тие да бидат согласно прописите да бидат подложени под законски норми да бидат подложени и да напредуваат и сега се корисити тоа“, вели Давитковски.

Пред 10 години СДСМ реагираше поради вработувањето на вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски на Правниот факултет во Скопје. Тогаш Наумовски не сакаше да ги коментира овие обвинувања, а од неговиот кабинет соопштија дека конфликтот на интереси е традиција, но оти таа е својствена за СДСМ. Вицепремиерот Васко Наумовски стана и доцент на Правниот факултет Јустинијан Први, така што мнозинството професори гласале за неговиот избор – меѓу нив и брат му. Од поранешниот владин кабинет доктори на науки додека беа на власт станаа и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG