Достапни линкови

Почнаа калкулациите за новата Европска комисија


Ќе има ли промени во политиката на ЕУ по изборите?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Ќе има ли промени во политиката на ЕУ по изборите?

Официјалните резултати од изборите за Европскиот парламент покажуваат дека националистичките и крајно десничарски партии напредуваат пред проевропските центристички партии. Делумните резултати покажуваат дека проевропските партии заедно ќе имаат околу 321 место, помалку од половината од 751 место во европарламентот.

„Зелените“ обезбедија рекорден успех главно во поголемите земји на Унијата, вклучувајќи 20 отсто во Германија, скоро двојно повеќе од изборите во 2014 година.

„Зелените“ ќе имаат 69 пратеници што ги става во силна позиција во преговорите за можна коалиција со Европската народна партија која би имала 179 пратеници и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите за која се верува дека ќе добие 152 места во парламентот.

Лидерите на овие партии отфрлија секаква можност од соработка со антиевропските партии. Манфред Вебер од Европската народна партија рече дека неговата група „нема да соработува со ниту една партија која не верува во иднината на ЕУ“.

„Отсега натаму, оние кои сакаат да имаат силна Европска унија треба да ги здружат нивните сили, и затоа ја повторувам мојата покана за социјалистите, либералите, како и за зелените, бидејќи земајќи ги предвид резултатите, зелените се исто така победници денес“, изјави Вебер.

Франс Тимерманс, лидерот на социјалистите и демократите кој му е главен ривал на Вебер за претседател на Европската комисија рече дека ќе работи само со оние кои можат да изградат програма врз основа на „соништата, а понекогаш и на страхувањата на Европејците“.

„Значи, уште еднаш, мојата понуда е на маса, ајде да седнеме заедно со прогресивни сили во овој парламент. Ајде да се обидеме да најдеме програма за следните пет години што ќе ја подготви Европа за следните 30 години“, порача Тимер.

Што се однесува до национално ниво резултатите покажуваат дека губат партиите кои се на власт.

Токму поради големиот пораз што опозиционата Нова демократија и го нанесе на владејачката Сириза грчкиот премиер Алексис Ципрас најави предвремени парламентарни избори по 2 јуни кога се одржува вториот круг од локалните избори кои вчера се одржаа заедно со европските.

„Веднаш по вториот круг од локалните избори ќе побарам итно закажување на националните избори од претседателот на Републиката, така што на крајот грчкиот народ ќе биде единствениот што ќе ја донесе конечната одлука.“

Владејачките партии на национално ниво се поразени, меѓу другите во Франција и во Германија, додека во Британија лидерот на Брегзит партијата, Најџел Фараџ, повторно е избран за член на Европскиот парламент.

Одѕивот на изборите за Европарламентот беше 51 отсто, што е најголем во изминативе 20 години.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG