Вечерва по завршувањето на седницата на највисокото тело на ИВЗ Ријасетот, поглаварот Сулејман Реџепи изјава дека тие констатирале оти државата е полициска
"Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници,"изјави Реџепи.
Ријасетот на седницата на факултетот за исламски науки во Кондово расправаше за разрешување и именување на претставници во заедницата. До ова дојде откако попладнето пред седиштето на Исламската Верска Заедница во Скопје дојдоа полициски сили поради обидите за смена на поглаварот Реџепи.
Обидот з а смена уследи по судска одлука со која се прифаќа барањето на една од двете спротивставени групи за нов поглавар да биде назначен Скендер Бузаку.
Попладнето и приврзаниците на Реџепи и приврзаниците на Бузаку беа во просториите на ИВЗ, а пред новинарите Бузаку изјави дека тој е новиот погалвар.
„Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници. Јас сум новиот поглавар на ИВЗ", рече Скендер Бузаку, кој се повика на внатрешни акти и на судско решение.
Бузаку го обвини поглаварот на ИВЗ дека вработувал луѓе од своето семејство во заедницата и рече дека поради тоа не очекуваме мирно предавање на функцијата.
Мухамед Вејсели од ИВЗ, пак истакна дека Сулејман Реџепи и натаму ќе раководи со ИВЗ се додека ја има довербата од Ријасетот
"Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ", изјави пред Исламската верска заедница (ИВЗ) Муамер Весели, директорот на агенција за халал сертификати и претставник на ИВЗ.
Според Весели, против правилата за работа на верските заедници е државните органи и политиката да се мешаат во верски работи.
„Се споменува и името на министерот за внатрешни работи и жал ми што овие работи не може да се решат без мешање на власта“, изјави тој.
Во седиштето на ИВЗ е присутна и финансиска полиција која го проверува работењето на Реџепи.
Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ. Во истиот тој период на паралелно собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.
И во изминатиот период имаше обиди за смена на поглаварот Реџепи, но досега тие беа безуспешни.
Во еден случај во ИВЗ имаше и инцидент, во кој физички беше нападнат скопски муфтија, а имаше и посочувања дека расправијата започнала поради проневера на пари.