Активистите од #небидиѓубре, се незадоволни и од реакцијата на надлежните и од односот на граѓаните кон животната средина.
Нивната идеја се рашири низ Македонија, а во меѓувреме расте популарноста и на #траштаг, со кој луѓе низ светот чистат локации и објавуваат на социјалните мрежи.
Последниот повик за акција доаѓа од Битола, поточно еко акција со мотото „Мети си со класнето“. Акцијата ја започнаа средношколци со нивната професорка по англиски јазик од Средното медицинско училиште.