Достапни линкови

Протест во Солун против Договорот од Преспа


Насилства на протестот во Солун
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Насилства на протестот во Солун

Околу 250 демонстранти протестираа во Солун против ратификацијата на Спогодбата од Преспа со која се решава повеќедеценискиот спор околу името меѓу Грција и Македонија и се нормализираат односите меѓу двете земји.

Во неделата избија насилства меѓу демонстрантите и полицијата во Солун, вториот по големина град во Грција, за време на демонстрациите во знак на протест поради ратификацијата на договорот со кој се нормализираат односите со соседна Македонија.

Протестот пред концертната сала во Солун беше темпиран да се совпадне со присуството на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на концертот по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од Холокаустот.

Демонстрантите се лути на Павлопулос поради тоа што не направил доволно за да го спречи Договорот од Преспа.

Демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон поставен околу зградата, но биле потиснати назад, откако полицијата употреби солзавец.

Повеќемина маскирани лица почнале да подигаат и барикада од канти за ѓубре.

Според договорот, чија ратификацијата беше одобрена од грчкиот парламент Македонија се преименува во Северна Македонија, а Грција ги укинува приговорите за македонското членство во НАТО.

Според дел од грчките експерти ратификацијата на Договорот од Преспа ќе го подобри меѓународниот статус на Грција и ќе ја промовира билатералната трговија и инвестиции.

Еден од нив е и Танос Вермис, потпретседател на Грчката фондација за европска и надворешна политика.

„Ние ќе ја подобриме нашата меѓународна положба, мислам, со тоа што ќе го завршиме ова. Второ, ќе воспоставиме врски со ..., не дека немаше врски, имаше, се разбира, имаше, и многу грчки бизнисмени отидоа таму и заработија пари, и тие ги поздравија инвестициите на Грција и така натаму. Но, ова ќе биде отворено и ќе има повеќе од тоа. Никогаш нема да изгубите ако имате сосед на добра волја“, оценува Танос Вермис.

Договорот од Преспа наиде на строго противење од опозициските партии и во Грција и во Македонија, оценувајќи дека биле направени големи отстапки во корист на другата страна.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG