Достапни линкови

Студирале во странство па се вратиле во Македонија


Аеродром Свети Павле - Охрид
Аеродром Свети Павле - Охрид

Е па има и такви примери, иако ретки. Како и да е, најголем општествен предизвик со децении е како младите да не се иселуваат во странство.

Ретки се примери на млади луѓе кои, иако се образувале во поразвиените земји сe решиле дека ќе се вратат дома за да работат и живеат.

Таква е и приказната на неколку луѓе од организацијата „Млади Инфо“ од Скопје. Тие студирале и стажирале во неколку земји на Европската унија, а со добиеното искуство тука ја основаат невладината организација која дејствува во повеќе области.

„Нашиот цел менаџерски тим е составен од луѓе кои заминале од Македонија се образувале странство во Италија и Германија се вратиле назад и го започнале проектот на формирање на невладина организација која сака да даде можности за млади. Така ние самата организација сме еден пример како сме се обучиле во странство и ,сепак сме се решиле да се вратиме и пробуваме да направиме нешто тука. Има и други позитивни примери и ние сме доказ дека ако вредно се трудите еве после 10 години постоење може добро да се етаблирате на домашната сцена, како и на меѓународната сцена и оти успехот ќе следи сам по себе. Меѓутоа, тоа треба за младите да е повеќе видливо повеќе пристапно и на младите им треба повеќе мотивација и визија дека во одреден период ситуацијата ќе се подобри и ќе ги натера да се вратат назад“, вели Маријан Ицковски од организацијата„Млади Инфо“.

Како невладина организација имаат проекти поврзани со младите. Преку нивниот веб портал младите можат да најдат можности за стипендии, стажирања, грантови и слично како во Македонија така и во странство.

„Претежно сме студирале во Италија, политички науки, медиуми и човекови права. Односно се она што нашата организација денес го и работи. Ние работиме во секторот на младински информации обезбедуваме информации за млади. Вршиме тренизни, обуки, размени меѓународни , учествуваваме во политичките процеси во државата за младите посетуваме трибини, изработуваме стратегии. На локални планови, на акции за вработувања и иткн. Сета наша експертиза и знаење што ги знаеме од таму буквално имплементираме во тоа што „Млади Инфо“ и сега го работи“, рече Ицковски.



Една од главните проблематики на општествено развивање во Македонија ,сега и во иднина, е како да се најде начин младите да останат во државата, вели професорот Абдулменаф Беџети, воедно и рекорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Оваа установа годинава се бележи зголемување на бројот на запишани студенти, кој претходно бил во постојан пад.

„Тоа што е предизвик за мене и за целиот тим е одржувањето на овој тренд. Не само растечки, барем стабилен. Знаејќи дека сите тендеции и популациони и тенденциите на емиграција одат кон испразнување на државата поготово кај младите. Така да тоа е голем предизвик за кој ние и работиме и ќе работиме повеќе“, истакна ректорот Абдулменаф Беџети.

XS
SM
MD
LG