Достапни линкови

Односите со соседите и интервјуто со Ахмети најкоментирани


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Изјавите на Мицотакис и Каракачанов за македонскиот јазик и интервјуто со лидерот на ДУИ, Али Ахмети привлекоа најмногу коментари од фановите на РСЕ.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија „Неа демократија“, Кирјакос Мицотакис изјави на протестниот собир во грчкиот град Триполи дека е „национална отстапка признавањето „македонски“ јазик и „македонска“ националност со Преспанскиот договор“. За ова информираше РСЕ, а посетителите на нашата ФБ страница коментирале: Самир Османи постирал: „Овие се исти како Вмровците, нема да го поддржат Договорот, овие се истите националистички ѓубриња кои материјално профитираат од етнички конфликти и од името.“ Дејан Котески редовно постира: „Да си го избришете со договорот“, а Томе Миткоски за Мицотакис: „Стана досаден, секој ден исто“.

Драган Бошков ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев: „Нам ни е јасно дека многу Македонци имаат бугарски пасоши, ние немаме проблем, но ако нешто е нелегално, Бугарија ќе си го востанови тоа“, па напишал: „Многу од тие што бојкотираат и името не го даваат имаат бугарски пасоши. Патриотишта“.

По неделното итервју на РСЕ овој пат со лидерот на владиниот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кое покрај другото вели дека во себе има некаков немир за уставните промени и се плаши тие да не се повредат од невниманијата на институциите, Ристо Миланка Силјаноски реагира зошто Ахмети зборува албански: „Веројатно еден ден ќе изусти македонски збор да ја докаже својата преданост спрема РМ, каде што е роден, како и неговите претци“, а на забелешката од Рефик Шаини дека Ристо не знае ниеден збор албански, истиот Ристо Миланка Силјаноски му одговара: „Господине Рефик, да живееш на Запад мора да го зборуваш јазикот на државата, или ќе те депортираат“. Рефик Шаини му реплицира: „Не, не, господине Ристо, ти со сила не можеш да ме натераш да зборам на МК јазик, јас сакам да го зборам твојот јазик и се гордеам со тоа што го знам. Тоа е разликата меѓу нас.“ А Скендер Елези реагира: „Ахмети е албанскиот Груевски, што има тука нејасно?! Проблемот е што е послушен кон ’странските служби‘ (не коалицираше со ДПМНЕ по последните избори) и така успеа да преживее!!?“

Ахмети – Не мислев дека Груевски ќе се оддалечи од државата
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:06 0:00

По интервјуто со Ахмети и по соопштението од македонското МНР дека Македонија ќе гради пријателски односи со Бугарија по потпишаниот Договор за пријателство со Бугарија, а по изјавата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека македонскиот јазик не постоел, имаше различни реакции. Меѓутоа, Зоран Донев постирал: „Пуштете ги народите да се дружат и почитуваат. Политичарите кога потпишуваат дружба на народот му се...“ – и не се доискажал. Искра Димитрова напишала дека шефот на македонската дипломатија одговорил со „достоинствен одговор на политичар, наспроти провинциски Балканец кој сака да биде политичар. Бугаринот доби културна шлаканица“.

Изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека „се небулозни тврдењата дека се планирала воена состојба на 27 април“, Илинденка Милевска ја коментира вака: „Почитуван претседателе Иванов, вашата партија креира паралелни државно-партиски институции во кои беше вработен и Нинџа. Кога народот изгуби доверба во институциите во кои спаѓате и вие како претседател, што му остана друго освен да верува на протуви како Нинџа кого вашата партија го издигна на ниво на институција“. Мацко Мачковски вели: „Хорхе наш, го нема, го нема, и откако го снема паторчето, се појави и почна да се правда“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG