Достапни линкови

Украина е под закана од целосна војна со Русија


Порошенко загрижен за руските тенкови во близина на границата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Порошенко загрижен за руските тенкови во близина на границата

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Русија го зголемила бројот на тенкови поставени во близина на границата со Украина. Во меѓувреме, Соединетите Држави побараа од европските сојузници да ги зацврстат мерките против Москва.

Во интервју со украински новинари тој покажа, како што рече, неодамнешни разузнавачки извештаи за распоредувањето на руските војници.

„Ова е руска воена база, која се наоѓа 18 километри од нашата граница, 17 септември, 24 септември. Тоа се тенкови. Ова е октомври. Како што може да се види, бројот на тенкови во базите лоцирани по должината на нашата граница се зголеми за трипати. Зошто се распоредени таму“, рече украинскиот претседател.

Порошенко додаде дека исто така драстично се зголемил и бројот на единиците распоредени по целата должина на границата со Украина.

Според него, изговорот дека се работи за вежби не го оправдува ваквото воено присуство на границата.

„По инцидентот во Азовското Море ние мораше да ги обезбедиме украинските вооружени сили да бидат способни да се бранат во случај на голема инвазија на земјата. Овие тенкови сè уште не се повлечени, тие сè уште се таму“, рече тој.

Кремљ претходно предупреди дека би можело да се разгорат борбите во источна Украина откако Киев прогласи воена состојба во земјата по запленувањето на трите украински бродови.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за конфронтацијата во неделата во теснецот Керч кој ги поврзува Црното и Азовското Море.

​Украинскиот парламент во понеделникот го усвои предлогот на претседателот Порошенко да биде воведена воена состојба од 30 дена.

Тоа е нешто што Украина го избегна дури и кога Русија го припои Кримскиот Полуостров во 2014 година или кога тајно испрати војници и оружје во источна Украина.

Во меѓувреме, Соединетите Држави соопштија дека би сакале европските земји да направат повеќе за да и помогнат на Украина во нејзината борба со Русија околу Крим.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт изјави:

„Сега можете да прашате што можат европските влади да направат. Многу влади наметнаа санкции за Русија за нејзините акции на Крим, во Украина. Не сите овие санкции, како што ми кажаа, и нашите експерти ми објаснија, се целосно спроведени“, рече таа.

Притоа, Нојерт прецизира дека европските земји треба да се запрашаат и во врска со гасоводот Северен тек, бидејќи тој и помага на руската влада и е еден вид нивна поддршка на Кремљ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG