Достапни линкови

САД со предупредување до Русија за Украина


Трамп: не ми се допаѓа ситуацијата меѓу Русија и Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Трамп: не ми се допаѓа ситуацијата меѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е „среќен“ поради ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Украина по конфронтацијата во близина на спорниот полуостров Крим кога Русија заплени три украински бродови. Украинскиот парламент гласаше за воведување 30 дневна воена состојба во земјата, а се одржа и итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Во изјавата за новинарите пред Белата куќа, претседателот Трамп, наведувајќи дека треба да биде позната и американската позиција во врска со инцидентот на Црното Море рече:

Не ни се допаѓа она што се случува. Во секој случај, не ни се допаѓа она што се случува и се надевам дека ќе биде исправено. Знам дека во Европа не се воодушевени. Тие работат на тоа исто така. Работиме сите заедно“, рече тој.

Тензиите се разгореа откако руската морнарица во неделата заплени три украински бродови и нивниот екипаж кај Крим, обвинувајќи ја Украина за илегално влегување во руските води.

Ваквата конфронтација ги зголеми стравувањата од поширок воен конфликт.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, на итниот состанок на Советот за безбедност, изјави дека ваквите акции ги оневозможуваат односите меѓу Вашингтон и Москва.

Хејли ја обвини Русија за судирот, нарекувајќи го одземањето на бродовите „уште една несовесна руска акција“.

„Неделното нечесно кршење на суверената украинска територија е дел од моделот на руското однесување кој ја вклучува и анексијата на Крим“, рече Хејли.

Но, таа конкретно не се закани со понатамошни санкции врз Москва.

Американските предупредувања доаѓаат пред планираната средба меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин на маргините на самитот на Г20 во Аргентина идната недела.

Инаку, на седницата на Советот за безбедност, рускиот амбасадор во Њујорк, Димитриј Полански, ја обвини Украина за провоцирање на инцидентот за да го оправда воведувањето на воената состојба во земјата.

Според него, со тоа би се одложиле изборите, бидејќи анкетите покажувале дека украинскиот претседател Петро Порошенко се соочува со можен пораз.

Украинскиот амбасадор, Володимир Елченко, пак, повика на заострување на санкциите против Русија, предупредувајќи дека „во спротивност Кремљ ќе преземе натамошни агресивни чинови што би довеле до поширок конфликт“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG