Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на исто рамниште со поранешниот лидер на неговата партија Љубчо Георгиевски или со премиерот Зоран Заев или со Договорот со Грција. Но, по негативните коментари на посетителите на ФБ страницата на РСЕ. Судејќи по постовите, граѓаните како да не му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и го обвинуваат дека и тие сакале промена на името на државава.
Николоски во неделното интервју за РСЕ вели: „Доколку граѓаните не го прифатат Договорот на референдум, идна влада на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе преговара и убеден сум дека ќе постигнеме подобар“. Слободан Василев го прашува: „Кај беше 11 години да преговараш?“ и смета дека Зоран Заев е единствениот на кого народот му верува оти е „патриот со душа и срце“.
И Киро Пецевски има слично мислење: „Имавте можност и шанси и ве видовме“. Сотир Петров: „Ако ти ме правиш ненормален оти 10 години го решаваше, сега бараш нови 10 за да го решиш... мене ми отиде животот. А за тоа време Македонија се испразни, младите избегаа“.
Марјан Теовски постирал: „Единаесет години пустош направивте во Македонија од крадење и сега ќе сте имале подобар договор. Вие ВМРО сте партија во распаѓање така што нема да имате шанса вие да одлучувате за нешто“. Владо Бошков со крупни букви напишал „Бојкот референдум“, а Славко Шиклески му одговара: „Зошто бојкот? Кој сака нека гласа против!“
Неделава е клучна за собраниската седница за распишување на референдумот поради роковите. Габи Андре иронично се подбива со најавеното прашање, па постирала: „Чекај сега, нели референдумот е за ЕУ и НАТО, а не за името? Или за името? Или е за идентитетот?“ и додала хаштаг бојкотирам.
Угрин Никола порачува дека сè е циркус и на крајот нема да има ништо од него. Реџеп Шабанов со контра, дали на Николовски или на оние што се негативно настроени кон референдумот: „Со бугарски пасош лесно е да се правите патриоти. Ајде ве молам прекинувајте, Македонија ќе оди во НАТО, ќе има успешен референдум“.
Посетителите на нашата ФБ страница реагираат и на новоусвоените измени на Законот за финансирање на партиите со кој тие ќе добиваат определена сума пари од државниот буџет, а на сметка на тоа се намалуваат донациите од правни и приватни лица.
Повеќето постови се против тоа државата да ги финансира партиите за време на предизборна кампања, па Исмет Ајдиновиќ се прашува: „Што да коментира човек. Кој ќе те разбере, само се гледа како на нив да се угоди“.
Виктор Спировски предлага да се отвореле телефони за донации па од тие пари да се финансираат партиите, а парите од буџетот да се пренаменат за лекување на лица кои имаат потреба од тоа. Се чини дека Роберт Петревски ја сфатил фората со измените во Законот: „Овој закон покажа дека партиите собирале средства надвор од законот“.