Достапни линкови

Стојковски – Без договорот со Грција ќе се зголеми влијанието од авторитарни режими


Стојковски: Можна е одлука за почеток на преговори со ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:34 0:00

Стојковски: Можна е одлука за почеток на преговори со ЕУ

Ако одлучиме дека нема да го прифатиме Договорот со Грција, тогаш треба да бидеме подготвени за уште посилно влијание на илиберални и авторитарни режими во државата, ќе западнеме во очај и ќе ги изгубиме симпатиите од меѓународната заедница, вели Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии Евротинк во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Стојковски, што значи договорот за името меѓу Македонија и Грција за европските и евроатлантските интеграции на Македонија?

Тоа ќе значи дека на претстојниот Самит, на 25 јуни е Советот на ЕУ, а на 28 и 29 е Европскиот совет. Би можело да се очекува на 28-29 јуни на одржувањето на Европскиот совет да добиеме одлука од Советот дека Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ. Таа може да биде проследена заедно со утврдување датум за започнување проговори или за одржување на меѓувладината конференција, а може да биде само одлука за отпочнување преговори, а утврдувањето на конкретниот датум да дојде во некоја подоцнежна фаза.

Кога?

Ако нема одлука за почеток на преговори и одлука за утврдување датум, имало и такви примери, јас би рекол дека тоа може да се случи некаде во почетокот на есента. Веројатно тоа ќе значи и поминување на референдумот, за да може да бидеме сигурни дека работата може да продолжи натаму. А може да се случат двете работи одеднаш. Во секој случај очекувам дека меѓувладината конференција ќе се започне на крајот на оваа година, некаде на почетокот на декември.

Со кои поглавја ќе почнат преговорите со ЕУ и кога?

Имаше информации дека отворањето на поглавјата ќе се случи откако ќе заврши процесот на уставна ревизија. Почетокот на преговорите со последните измени во политиката за проширување и со последната стратегија којашто ја објавија од Комисијата на почетокот на оваа година, на 6 февруари, за овие бранови, последни бранови на проширување секогаш се поглавјата 23 и 24 – судство и темелни права и слобода, безбедност и правда. Не очекувам дека Македонија ќе биде отстапување од ваквата пракса, можно е да се очекува дека Комисијата и државата ќе одлучат за некои од поедноставните поглавја да ги почнат паралелно со 23 и 24 и би можело да се очекува дека тоа може да биде образование и наука или некое од поглавјата каде што има многу помалку заеднички придобивки за преземање.

Што ако граѓаните кажат не на претстојниот референдум? Како тоа ќе се одрази врз евроинтегративните процеси, случувањата во земјата и каков ќе биде односот на меѓународната заедница кон државата?

Ако одлучиме дека нема да го прифатиме Договорот, тогаш треба да бидеме подготвени за уште посилно влијание на илиберални и авторитарни режими во државата, за засилување на пропагандата којашто ја има и е веќе видлива и во овој момент и треба да бидеме подготвени да западнеме во нов процес на очајување кој може да нè одведе во сосема непосакувана насока на движење. Меѓу другото она што треба да бидеме насочени сега е дека Македонија никогаш повеќе нема да има симпатии во меѓународната заедница и нема да има разбирање за Македонија и за спорот. Почнавме со непознавање на спорот, влеговме во фаза во која имаше енормна симпатија за Македонија и разбирање за нашиот однос и за наметнувањето од страна на Грција и го испровоциравме лошото размислување на меѓународната заедница. Успеавме некако во изминатите 11 месеци да ја поправиме сликата за државата, бидејќи станавме држава којашто проектира демократија, се обидува да ги надмине споровите, го потпишавме Договорот за пријателство со Бугарија, ова беше уште еден екстра чекор во вистинска насока, мислам дека не сакаме да направиме разочарување и губење на пријателството од меѓународната заедница.

Целото интервју со Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии Евротинк може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG