Македонија очекува во јуни да добие одлука за почеток на преговори со ЕУ со оглед на постигантиот договор со Грција за решавање на спорот за името и пофалбите за чекорите што се преземаа во земјава за напорите за враќање на брзиот пат кон ЕУ. И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека Франција се противи земјава да добие одлука, експертите велат дека присуството на високите европски претствници во Преспа на потпишувањето на договорот со Грција и поддршката што пристигнува од меѓународаната заедница се јасен показател дека е извесна одлуката за почнување преговори.
Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии вели дека Македонија во јуни може да очекува одлука за отпочнување преговори со ЕУ. Тој дополнува дека утврдувањето на датумот за отпочнување на преговорите може да има и сега заедно со одлуката, но тоа може да се случи и подоцна, на есен, по референдумот.
„Би можело да се очекува на 28-29 јуни на одржувањето на Европскиот совет да добиеме одлука од Советот дека Македонија може да ги почне преговорите со ЕУ. Таа може да биде проследено заедно со утврдување датум за започнување проговори или одржување на меѓувладината конференција, а може да биде само одлука за отпочнување преговори, а утврдувањето на конкретниот датум да дојде во подоцнежна фаза. Ако нема одлука за почеток на преговори и одлука за утврдување датум, јас би рекол дека тоа може да се случи некаде во почетокот на есената, веројатно тоа ќе значи и поминување на референдумот, за да може да бидеме сигурни дека работата може да продоложи натаму. А може да се случи двете работи одеднаш“, изјави Стојковски, кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа
Професор Ана Чупеска Станишковска од Правниот факултет во Скопје вели дека во овој миг не може да се каже дали на Македонија Унијата ќе ѝ одреди само условена одлука за преговори без конкретен временски рок кога би почнале, но според неа тоа не е проблем.
„Тоа не може да знаеме. Таа опција не е страшна да оптпочнеме преговори без датум. Тоа ќе го забрза реформирањето во клучните области. И ќе направи притисок за реформи. Нам ни е важно да ги отвориме преговорите по поглавја“, изјави Чупеска Станишковска.
Во меѓувреме, во јавноста се појавија информации дека Франција се противи за датум за преговори на земјава во јуни и покрај Договорот со Грција. Според тие информации, во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите.
Според извори на МИА, синоќа амбасадорите на земјите членки дебатирале до речиси 22 часот за ова прашање, но не успеале да постигнат компромис.
Францускиот претседател Емануел Макрон, неодамна на самит во Софија, предупреди да не се избрзува со проширувањето на ЕУ.
Професор Ана Чупеска Станишковска коментира дека Македонија со право и заслужено очекува отпочнување преговори со ЕУ. Неблагодарно е да се шпекулира дали Франција ќе нè блокира, вели таа, но нејзиниот впечаток е дека сепак во јуни ќе добиеме препорака за преговори, бидејки има голема поддршка од Австрија и од клучните играчи на ЕУ.
„Тоа е на ниво на шпекулации, не видов таква изјава од преставниците на Франција, Макрон имаше резерви во последните обраќање, но тие аспекти беа упатени на целиот аспект на проширување. Македонија има добра соработка со Франција и неблагодарно е да се шпекулира дали ќе нè блокираат или не, но ми се чини дека нема да има проблем“, вели таа.
Чупеска Станишковска очекува дека Македонија ќе ја добие поканата за отпочнување на преговорите поради решавањето на спорот со Грција кој беше пречка за добивање покана за преговори.
„Присуствотво на високите претставници на Унијата Могерини и Хан во Преспа се сигнали во тој правец. И сметам дека таа препорака ќе биде заслужена имајки ги предвид отстапките и напорот кој го даде македонското опшетство во справување со кризата, рефорите и договорот“, изјави таа.