Достапни линкови

Јункер: Со реформи до неусловена препорака за Македонија


Јункер: Македонија е на добар пат до неусловена препорака
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Јункер: Македонија е на добар пат до неусловена препорака

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по средбата со премиерот Зоран Заев, рече дека Македонија во изминатиот период спровела реформи со кои е на вистинскиот пат, а договорот со Бугарија ја зголемил репутацијата на државата во Европската унија.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека забележал сериозен напредок на Македонија со што земјата е на вистинскиот пат кон Еврепската унија.

На заедничката пресс конференција со премиерот Зоран Заев во Скопје, тој рече дека Западен Балкан и нашата земја географски се дел од Унијата. Јункер истакна дека некои од реформите што се направени претствуваат голем напредок и дололни дека Договорот за добрососедство со Бугарија ја зголемил репутацијата на нашата земја.

„Не дојдовме за да ви соопштиме датум за почеток на преговор туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продложите на тој пат на реформи за неколку месеци ќе и овозможите на на ЕК да му препорача на Советот отворање на преговорите за прилкучување во Унијата. Но се уште не сме дотаму затоа што претстојат уште чекори што треба да се спроведат врз база на заслуги на секоја земја, а вашата земја има многу сопствени заслуги“, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој престојува во неколкучасовна посета на земјава во рамките на балканската турнеја.

Тој порача дека треба да се помири историјата и географијата, како што направиле со многу земји членки на Унијата. Јункер кажа дека разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и го поддржал спорот да го решава на постојниот начин.

За името на земјата не би сакал ништо да кажувам зашто на вам ви останува да го решите тој проблем со вашите грчки пријатели, рече Јункер и истакна дека стигнувајќи на аеродромот веќе забележал дека нешто се сменило во однос на состојбата од претходно и целокупната состојба.

Премиерот Зоран Заев, по средбата со Јункер во Скопје изјави дека за Владата е прифатливо име со географска одредница кое ќе направи јасна дистинкција помеѓу нашата држава и регионот во Грција. Тој на заедничката прес-конференција со Јункер додаде дека Владата инсистира на решение „кое ќе овозможи трајно и одржливо затворање на спорот, но со почитување на достоинството и идентитетот на двата народи и двете држави“.

„Наша должност е да преземеме одговорност за оваа историска можност, да го решиме ова долгоотворено и мачно прашање помеѓу двете земји“, рече Заев.

Пред неговото кусо обраќање, премиерот Зоран Заев рече дека Стартегијата којашто ЕК ја подготви за Западен Балкан е знак дека иднината на Македонија е во ЕУ, а дека Македонија и денеска пред Јункер ја повторила својата евроатлантстка определба.

Јункер во земјава дојде во придружба на комесарот за проширување Јоханес Хан. Посетата е дел од нивната турнеја во регионот по повод Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.

По средбата со Заев и состанокот на ниво на делегации, Јункер заминува за Албанија, која исто така е дел од неговата балканска турнеја во рамки на која до 1 март ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан.

Претходно овој месец Европската комисија ја претстави својата нова стратегија за интегрирање на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Во неа приемот за Црна Гора и Србија во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година.

Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година, но во неа Комисијата порачува дека нема да увезува билатерални спорови.

Турнејата по Западен Балкан, првиот човек на ЕК ќе ја заклучи со посета на Бугарија, која во моментов претседава со ЕУ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG