Достапни линкови

Имаше ли Македонија друг избор освен ерга омнес?


Архивска фотографија-Протест против промена на името на плоштад „Македонија“.
Архивска фотографија-Протест против промена на името на плоштад „Македонија“.

Името за севкупна употреба се уште ги разбранува граѓаните. Според упатените во спорот за името кои со години се запознаени со проблемот, Македонија во оваа фаза и немала многу простор за избор.

Неколку дена по објавувањето на решението за спорот за името меѓу Македонија и Грција, како најспорно во јавноста се уште се коментира прифаќањето на новото име Република Северна Македонија да биде и за домашна употреба за што се неопходни и уставни измени.

Никому не му е пријатно поради ситуацијата во која се најдовме и никој не е спокоен, коментира професорот Денко Малески, во интервјуто за Радио Слободна Европа што во целост ќе го емитуваме в недела. Првиот министер за надворешни работи во независна Македонија, вели дека тоа е една емотивна ситуација од која мора да се излезе поради свесноста дека се тргнува во нова фаза, во која, како што вели, државата ќе може да се уреди за да биде пријатна, просперитетна и безбедна.

“Од тоа ќе произлезе нешто со што ќе се компензира за ова што сега го даваме како концесија, која во основа е географска одредница” вели Малески.

Првиот амбасадор на Македонија во Грција Љупчо Арсовски пак, смета дека до прифаќањето на име и за внатрешна употреба се стигнало поради тоа што македонската дипломатија со години не инсистирала на работи што се во корист за земјава како на пример пресудата од Меѓународниот суд во Хаг. Позицијата ерга омнес се појави на една од средбите на поранешните министри за надворешни работи на Македонија и на Грција, Антонијо Милошоски и Дора Бакојани, тврди Арсовски.

“Ние не успеавме таа работа да ја ставиме на страна, туку едноставно поминавме преку неа со некакви изјави за домашна употреба. Но, тоа што зборува дома е едно, а тоа што ќе го знае меѓународната заедница е друго” вели Арсовски.

Тој додава дека државата ќе мора сега да се соочи со сите можни и последици и предизвици.

Договор за името кој обединува?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Инаку, според договорот, со уставната ревизија со која ќе се овозможи името да стане и за домашна употреба се поврзани македонските интеграции. Имено, се предвидува на 25 и 26 јуни, Советот на министри за надворешни работи на Унијата да даде позитивна препорака од ЕУ, а веќе на 11 јули на самитот на НАТО, „Северна Македонија“ да добие покана за членство под услов да се направи уставна ревизија.

На есен ќе се одржи референдум, а по него под претпоставка дека ќе има позитивен исход ќе следи уставна ревизија и допис од премиерот Зоран Заев до земјите што ја имаат признаено Македонија под уставното име дека новото име е „Северна Македонија“. По ратификацијата на договорот во грчкиот парламент, до крајот на 2018 година „Северна Македонија“ ќе стане 30-тата членка на НАТО.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG