Достапни линкови

Почина Мекејн - од воен херој до политичка икона


Почина Мекејн, сенатор, ветеран и претседателски кандидат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00

Почина Мекејн, сенатор, ветеран и претседателски кандидат

Џон Мекејн, шесткратен американски сенатор, поранешен воен затвореник и двократен претседателски кандидат, ја загуби битката со агресивна форма на рак на мозокот. Имаше 81 година.

Џон Мекејн е роден во војничко семејство во Панама, која во тоа време беше територија на САД.

Тој ги следеше стапките на неговиот татко и дедо, и двајцата адмирали, запишувајќи се во американската поморска академија, каде што стана пилот.

Распореден во Виетнам во 1967 година, Мекејн беше соборен и тешко повреден за време на бомбардирањето на Ханој.

Многу децении подоцна, тој се врати на местото на неговото апсење, означено со споменик.

„Дали се сеќавате на момчето, господине кое ве спаси во тоа време?

Мекејн: Се сеќавам на него и ако ги видовте сликите, исто така имаше и многу луѓе.

Мекејн во затворот Хоа Ло, познат како „Ханој Хилтон“, мина тортура на години во самица.

Како син на висок офицер, му било понудено предвремено ослободување, но одбил, велејќи дека ќе прифати само ако и неговите затвореници бидат ослободени.

Мекејн за време на неговата политичка кариера честопати ја спомнуваше оваа петгодишна затворска казна.

„Се вљубив во мојата земја кога бев затвореник во некоја друга. Не ја сакав само за многуте удобности на животот овде. Ја сакав поради нејзината пристојност, поради нејзината вера во мудроста, правдата и добрината на нејзините луѓе“.

Кампања 2000, Кампања 2008

По враќањето дома, Мекејн ја напушта морнарицата и во 1982 година станува конгресмен.

Четири години подоцна тој беше избран за во Сенатот.

Тој како републиканец беше познат по својата независност и подготвеноста да зборува отворено.

Мекејн ја започна својата прва претседателска кампања во 2000 година, но загуби на изборите во неговата партија од Џорџ Буш.

Осум години подоцна, тој ја доби претседателската номинација на Републиканската партија. Мекејн на републиканската конвенција рече:

„Дозволете ми да упатам предупредување до старата, голема потрошувачка група која не прави ништо и која првин се гледа себе си, а потоа земјата: промените доаѓаат“.

Изборот на Мекејн гувернерката на Алјаска, Сара Пејлин, да биде потпретседател на САД предизвика голема поларизација.

Непосредно пред да умре, тој напиша дека сакал да направи поинаков избор.

Тимот Мекејн-Пејлин загуби од тогашниот сенатор Барак Обама во 2008 година.

Меѓутоа, Мекејн остана моќен глас во Конгресот.

Тој ги посети украинските протести во Киев во 2013 година и се заложи за испорака на смртоносна опрема за спречување на сепаратистите поддржани од Русија.

Тој повика на побрза интеграција во НАТО за Грузија и Молдавија.

И тој беше силен, немилосрден критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние ќе работиме за многу построги санкции против Русија. Тие ги нападнаа Соединетите Американски Држави. Хакирањето беше напад, и треба да се третира како такво“.

Мекејн постојано го критикуваше и му се спротивстави на претседателот Доналд Трамп, а гласаше против колегите на неговата републиканска партија во врска со големите реформи во здравството кратко време по операцијата.

„Стоп на слушањето бомбастични гласноговорници на радио, на телевизија и на интернет. Во пеколот со нив“.

Џон Мекејн, шесткратен американски сенатор, поранешен воен затвореник и двократен претседателски кандидат, ја загуби битката со агресивната форма на рак на мозокот. Имаше 81 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG