Достапни линкови

Грците загрижени од нов бран мигранти


Грција страхува од брз пораст на бројот мигранти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Грција страхува од брз пораст на бројот мигранти

Бројот мигранти кои пристигнуваат на грчките острови рапидно расте и е за четири пати поголем од истиот период лани. Според грчките власти, на Лезбос, каде што е најголемиот камп за мигранти, лани дневно во просек пристигнувале по 54 мигранти, додека сега по над 200.

Од март годинава грчките острови и северна Грција беа сведоци на пристигнувањето на голем број бегалци од Блискиот Исток, чиј број е значително повисок во споредба со истиот период минатата година.

Повеќето Грци изразуваат страхување дека големиот прилив на бегалци, како оној од јули 2015 до март 2016 година, ќе го блокира економското закрепнување на земјата, кое се базира врз намалување на трошоците и на социјалните бенефиции.

Костас, професор по грчки јазик, вели:

„Како што војната ќе продолжи во Сирија, сигурен сум дека во Грција ќе има повеќе бегалци. Грчката економија не е силна, а самите веќе имаме многу проблеми“, вели тој.

Од втората половина на минатата година, многу бегалски кампови во близина на пристаништата и во градовите се преселени во предградијата со цел смирување на нервозните Грци.

Но, жителите стравуваат дека бегалците пак ќе се сместуваат во близина на пристаништата поради пренатрупаните кампови во предградијата.

Томас, сопственик на фарма, вели:

„Се чувствуваме многу побезбедни по пренесувањето на бегалците во предградијата. Но, како што расте бројот на бегалци од Турција, ќе бидеме под постојан притисок и наскоро ќе има големи проблеми“, вели тој.

На 22 април избувнаа судири меѓу барателите на азил и групи локални жители на Лезбос.

Тоа беше еден еден од најсериозните изливи на насилство на овој остров во изминативе неколку месеци.

Локалните жители протестираа против група од околу 200 бегалци и мигранти кои кампуваа со денови на главниот плоштад на шеталиштето на островот.

Барателите на азил демонстрираа против условите во кампот на островот и одложувањата во барањата за азил.

Лезбос беше главната порта во Европа за речиси милион бегалци и мигранти во 2015 година.

Во тамошниот главен камп Морија има двојно поголем број луѓе од она што го дозволуваат условите.

Во кампот честопати доаѓа до насилства и протести.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG