Во Македонија има технички услови кои им се потребни на државните институции да спроведат попис којшто ќе биде квалитетен и објективен, велат експертите, но додаваат дека сериозно треба да се разгледа прашањето дали постои политичка волја за тоа.
Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека во текот на оваа година или во почетoкот на следната година треба да се донесе Законот за попис, во 2019 година да се подготват сите методолошки материјали за најрано во 2020 година да биде спроведен попис. Тој нагласува дека секоја земја-членка на ОН треба да има попис и објаснува дека меѓународни институции како ОН и Еуростат на секои пет години на земјите однапред им ги даваат насоки во кои треба да се движат за темелни објективни и стручни подготовки за спроведување на пописот.
„Тоа значи 4-5 години се дава можност секоја земја да створи услови за организација, подготовки и сè што треба за спроведување квалитетен и веродостоен попис. И нашата земја како членка на ОН е задолжена и треба да почне со подготвките за пописот, а технички услови постојат. Надлежната институција тоа треба да го мисли за навреме да се направат сите подготвки, тоа е Државнот завод за статистика. Надлежните институции си го водат тоа веројатно. Владата е заинтересирана и загрижена и сака да има попис, имајќи ги предвид низата активности кои се спроведуваат и бараат најнови податоци, а сега има податоци од пред 16 години“, вели Герасимовски.
Пописот во 2011 година беше почнат со недоволна организациска и стручна подготовка, велат експертите, додавајќи дека бил прекинат поради непочитување на меѓународните препораки и стандарди.
Герасимовски вели дека во Држаавниот завод за статистика треба да има 200 стручни лица кои ќе бидат државни инструктори кои ќе одат во секоја општина и укажува дека во прекинатиот попис во 2011 година имаше вкупно 15 илјади ангажиарни учесници.
Политичкиот аналитичар Алајдин Демири коментира дека пописот во Македонија е проблематична операција, поради тоа што се претворил во основна алатка за политичко делување и калкулации со етничките прашања.
„Сите толкување дека нема услови се лага произведена од политичарите. Тие бараат нарачани резултати. Е сега дали има услови, секогаш имало, но прашање е што се сменило во политичкиот дел за да се каже дека има услови. Не би знаел да кажам, ако се договорат ДУИ и СДСМ мислам дека има“, вели Демири.
Со години актулно прашање поради кое излегоа многу проблеми е прашањето за тоа кои граѓани постојано живеат во земјата. Герасимовски вели дека во препораките на ОН е децидно кажано дека доколку државјанинот на една земја е надвор од земјата на привремена работа или каков било престој повеќе од 12 месеци, не се вбројува во вообичаено присуство на населението.
„Има конкретни дефиниции кои треба да ги користат сите земји кои спроведуваат попис. Тоа население кое е присутно и живее тука постојано влегува во вкупното население, населението кое со иселување е подолго од 12 месеци надвор од земјата, тоа не се брои во вкупно население, бидејќи е во друга земја и ќе биде опфатено таму. И ние согласно законот за странски лица кои се присутни тука, тие влегуваат во вкупно население тука. Надлежните институции тоа го имаат евидентирано и на гранични премнини и во МВР“, вели Герасимовски.
Алајдин Демири вели дека во Македонија со години е проблем прашањето за тоа кои граѓани постојано живеат во земјата и дополнува дека бришење на тие што не се тука нема да даде реална слика.
„Тие граѓани кои живеат во странство и имаат двојно државјанство ниедна држва не може да ги отпише. Можеби статистичарите имаат капацитет да напарават посебна категорија да ги стават како граѓани на Македонија кои не живеат во Македонија. Треба да се најде решение. Целосното бришење од евиденција создава лажна слика“, вели Демири.
Инаку, по прекинувањето на пописот во 2011 година, тогашната опозиција СДСМ обвинуваше дека Владата е неспособна да го спроведе, а следната година поднесе и предлог-закон за спроведување попис. Но, ниту Владата, ниту Собранието не дадоа согласносот да се спроведе попис и тој предлог се отфрли во Собранието.