Достапни линкови

Додека се чека Коѕијас, Уставот - жешка тема


Скопје - Неколку илјади луѓе излегоа на протестот од кој се побара прекин на преговорите за името со Грција, 27.02.2018.
Скопје - Неколку илјади луѓе излегоа на протестот од кој се побара прекин на преговорите за името со Грција, 27.02.2018.

Преговорите за разликите за името ги води исклучиво посредникот Метју Нимиц реагираат денеска од владата во контекст на најавеното доаѓање на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас со нивниот нацрт-документ.

Од македонското Министерството за надворешни работи велат дека се уште немаат конечна потврда кога грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас ќе ја посети Македонија. Грчкиот весник Катимерини, пак, пишува дека тоа е можно да се случи неделава, но официјално никој не ја потврдува таквата информација. Коѕијас во Скопје се очекува да го донесе нацрт-договорот кој го подготви официјална Атина, во кој како што се најавува, се наведени седум точки поврзани со спорот.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовната прес- конференција коментирајќи го најавениот нацрт-договор рече дека преговорите се водат исклучиво преку посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц.

„Сè за што разговараат министрите Димитров и Коѕијас, сè што е во насока да ги приближи ставовите и да се договориме, сè оди преку филтерот на медијарот Нимиц и сè ќе биде на маса ставено исклучиво преку него“, рече Бошњаковски.

Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев во неколку интервјуа за странски медиуми ги откри конкретните предлози од посредникот во спорот за разликите за името Метју Нимиц.

„Значи сугестиите се: Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“, рече Заев во видео интервјуто за агенцијата Ројтерс.

Заев: Има четири сугестии за решавање на спорот околу името
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00

Ќе има или не уставни измени?

И за Ројтерс и во интервјуто за Фајненшл Тајмс објавено ден подоцна премиерот зборува за барањето на Грција за промена на Уставот. Тој вели дека не е неопходна промена бидејќи, како што нагласува, промената не би значела конечна гаранција, бидејќи некоја следна влада во иднина би можела повторно да го смени Уставот.

Ројтерс, пак, пренесува дека прашан кои промени на името ги сака Грција во Уставот и кои проблеми Скопје ги има со тоа, Заев ги искористил примерите на Германија и на Грција, кои исто така имаат варијации на нивните имиња во нивните Устави, пишува агенцијата.

Ние сме подготвени да направиме промена“, рекол Заев, додавајќи дека нема да биде голема, бидејќи е многу тешко, ја пренесува Ројтерс неговата изјава.

На оваа изјава реагираа од Кабинетот на македонскиот премиер, наведувајќи дека е неточно пренесена.

„Во ниту еден момент премиерот нема спомнато дека може да следува мала промена на Уставот, туку дека не станува збор за барање решенија за кои треба да се менува Уставот“, вели Бошњаковски.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за несериозност

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираа дека Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавувал дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидувала да го корегира и да ги појасни неговите позиции.

Зоран Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси“, се наведува во партиското соопштение.

И додека траат разговорите за името меѓу Македонија и Грција неколку илјади луѓе синоќа изглегоа на протестот во Скопје кој почна од пред седиштето на Европската унија, а заврши пред Собранието. Тие побараа прекин на преговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот за добрососедство со Бугарија и ослободување на притворените за настаните од 27 април во Собранието.

Протест во Скопје – промена на името е промена на идентитетот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG