Достапни линкови

Криза или демократски капацитет во ВМРО-ДПМНЕ?


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на прес- конференција пред Собранието.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на прес- конференција пред Собранието.

Има многу случаи на разногласие меѓу членови на ВМРО-ДПМНЕ кои предизвикуваат впечаток во јавноста дека партијата е во криза. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партијата има демократски капацитет.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не стои зад денеска највениот протест за одбрана на името и идентитетиот наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи.

Ова и други случаи отворија прашања дали ВМРО ДПМНЕ во суштина е контруктивна во врска со преговорите за името или партијата, која го бојкотира парламентот поради притворените за настаните во Собранието од 27 април, се уште не излегла од кризата.

Во изминатиот период јавноста беше сведок за несогласувања меѓу истакната членови на партијаат и раководството. Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антониjо Милошоски, најави дека ќе присуствува на денешниот протест за одбрана на името и идентитетот, и покрај партиската одлука дека не стои зад неговата организација.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираат шпекулациите дека се во политичка криза туку напротив велат дека партијата има демократски капацитет поткерепувајќи го ова со ставот дека на одредени теми секој може да си каже свое мислење.

Профoсор Никола Дујовски вели дека во овој момент не важно каков е односот на партијата за преговорите за името зашто не е дел од процесот на преговори.Треба да ја видиме конструктивноста кога ќе треба да се подржи одредено решение во Собранието, вели Дујовски

ВМРО-ДПМНЕ за спорот за името излегуваше со став дека опозициската партија нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име ниту, пак, дека ќе поддржи недостоинствено решение за спорот со името. Дујовски не очекува партијата да биде конструктивна за решавање на спорот со Грција за името.

„Не очекувам дека ќе бидат конструктивни. Се што е понудено на маса, тоа всушност го изјави нивниот лидер, е многу поразително за Република Македонија. Во оваа фаза тие не се вклучени и опозицијата не може да преговара за решавање клучни прашања, а кога ќе дојде време да се подржи одредено решение во Собрание тогаш на дело треба да излезе нивната конструктивност. Не очекувам да оди толку глатко“, вели Дујовски

Според него, во меѓувреме, има многу случаи на разногласие меѓу членовите на ВМРО ДПМНЕ кои предизвикуваат впечаток во јавноста дека партијата е во криза.

„Мислам дека политичката партија е во сериозна криза, тие имаат разногласие внатре во партијата и тоа од многу високи функционери. Имаат чести промени, еве Влатко Ѓорчев штотуку го избраа за координатор на пратеничката група, а веќе е сменет. Не се знае како настапуваат во Собранието и дали воопшто ќе настапуваат. Имаше вчера вести дека се враќаат на работата на комисиите, претставниции беа во комисијата за европски прашања, дали тоа ќе се преточи и во собраниските седници ќе видиме. Како и да е партијата, како никогаш претходно е во криза. Вака додека имаат разногласие меѓу нив тешко може да се наметнат и да привлечат луѓе без разлика дали стојат или не зад протестот ќе видат дека политиките што тие ги заговараат се надминати во Македонија“, вели професор Дујовски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG