Заев: Има четири сугестии за решавање на спорот околу името
Премиерот на Македонија Зоран Заев во интервју за новинската агенција Ројтерс изрази надеж дека спорот околу името може да се реши на време за состанокот на ЕУ во јуни и за самитот на НАТО во јули годинава. Тој повтори дека за македонската влада е прифатлива географска одредница на името.