Достапни линкови

Казни, а не само кривични за загадувачите бараат битолчани


Битолчани бараат кривичните против поранешните директори на ЕЛЕМ за загадувањето да не останат без епилог. Ова е втор пат да се поднесуваат кривични против поранешни раководители, но досега никој не е осуден.

Кривичните пријави за загадување на животната средина да не останат без епилог, туку истрагата да продолжи понатаму сè до откривање и казнување на вистинските виновници. Ова го бараат битолчани откако МВР го осомничи ЕЛЕМ за загадување на животната средина и петмина поранешни директори и раководители од РЕК како соизвршители. Тие се осомничени дека пропуштиле да ги реконструираат филтрите на РЕК и дозволиле да се пропуштат штетни честички повеќе од дозволеното, а при отпепелувањето на одлагалиштето да се создаваат вртлози од пепел со што се зголемило загадувањето.

Ова не смее да остане само на кривична пријава. Треба виновниците да се откријат, да се фатат и да одговараат, зашто се работи за човечки животи.“

„На ден е дозволено да има ПМ 10 честички од 50 микрограми на метар кубен, тоа е граничната вредност, но не смее да се надмине од 35 дена годишно, а кај нас поголемиот дел од времето е надмината вредноста.“

„Се надеваме дека со оваа кривична пријава ќе се утврди вина за неодговорноста и нестандардизираниот процес за производство на електрична енергија.“

„На сопствената депонија која се наоѓа во непосредна близина на РЕК при одложувањето на отпадот во вид на пепелта и згурата кои се карактеризираат како опасни и радиоактивни, несовесно и со непреземање на мерки за заштита на животната средина, во повеќе наврати при појава на појак ветер не го спречија ширењето на ваквиот опасен отпад и дозволија негово ширење низ Пелагониската котлина, со што се дозволи загадување на почвата, водата и воздухот“, коментираат битолските граѓани и екологисти.

Ова е вторпат полицијата да поднесува кривични пријави против поголема група раководители од РЕК. Во 2008 година дури 12 раководни лица беа осомничени дека спротивно на проектираните вредности за услуги од работна рака за ремонт на постројки во термоелектрани во Битола, отпишувале фактури за надворешни правни лица, со кои, исплатените финансиски средства ги надминале проектираните. Но, потоа немаше информации во јавноста дека некој е осуден, а повеќето останаа на работа и на раководни функции.

Покрај одговорноста, битолчани бараат под итно да се преземат мерки за надминување на состојбите со загадувањето. Од ЕЛЕМ соопштија дека новото раководство лани почна постапка за набавка на опрема за стандардизирање на отпепелувањето, која ќе спречи отпадната пепел да се шири во околината.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG