Достапни линкови

Пратениците одлучуваат дали нивни колеги ќе останат без имунитет


На Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања вчера им беше одземан имунитет на шест пратеници.
На Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања вчера им беше одземан имунитет на шест пратеници.

На пленарна седница која ќе почне напладне, пратениците ќе расправаат за барањата на Кривичниот суд за одобрување притвор на шестмината пратеници кои се осомничени во истрагата поврзана со крвавиот четврток.

Собранието на Македонија денеска ќе расправа за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Жаклина Пешевска и за пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија. Единствени точки на дневниот ред на оваа собраниска седница се барањата за притвор на шесте пратеници.

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања вчера со пет гласа „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на овие пратеници, кои се осомничени за кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април. Собранието има рок од три дена од приемот на барањата да донесе одлука.

Собраниската комисија одобри одземање на имунитетот на осомничените пратеници
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

Во меѓувреме, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, Скопје ги прифатил жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал и за тројца осомничени за упадот во Собранието, за кои беше определен куќен притвор и одлучил да им изрече потешка мерка, односно го преиначил решението и го испратил во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Во текот на денешниот ден, Кривичниот совет треба да одлучи по жалбите и за другите обвинети за кои ОЈО бара притвор, а не куќен притвор, како и за жалбите на дел од притворените кои бараат да одат од Шутка во домашен притвор.

Вчера меѓудругото беше определен притвор и за три лица кои беа најдени или сами се пријавиле, а се дел од групата од 36 осомничени за настаните од 27 април во Собранието. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се трaга по останатите девет лица и дека тие најверојатно се наоѓаат во Македонија, а некои од нив поседуваат двојно државјанство.

По одлуката на собраниската комисија за одземање на мандатот на шестмината пратеници, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека одлуката на комисијата не е базирана на факти и аргументи, туку е базирана на голата желба за политички реваншизам на СДСМ.

„Лишувањето од слобода на пратеници е врвен доказ за непостоење на правен систем и непочитување на Уставот на Република Македонија. Пораката што СДСМ ја прати со денешната одлука на партиската Комисија за мандатно-имунитетни прашања е дека СДСМ не сака да постои опозиција на нивното владеење ниту во Собранието, ниту надвор од него“, се вели во партиското соопштение.

Во последните три дена поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ одржаа протести во знак на револт од последните случувања. Приврзаниците на оваа партија порачуваат дека актуелната власт спроведува политички прогон и води антидржавна политика. Од партијата најавија дека во наредните 30 дена, во периодот од 15 до 17 часот ќе блокираат повеќе скопски крстосници.

Демонстрантите порачаа: „Не можат да го скршат ВМРО“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:17 0:00

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG