Достапни линкови

Хан уверен дека сите се посветени на европската перспектива


Скопје - Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја почна новата кампања „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“.
Скопје - Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја почна новата кампања „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“.

По дводневната посета на Скопје еврокомесарот за проширување Јоханес Хан заминува, како што вели, уверен дека сите клучни играчи во земјава се посветени на европската перспектива. Очекува позитивна препорака од ЕУ во февруари, па почеток на преговорите за членство.

Еврокомесарот Јоханес Хан по дводневните средби со политичари и претставници на граѓанското општество, од Скопје заминува уверен дека сите се посветени на националната цел - европската перспектива на земјата. Во изјавата што ја даде пред неговото заминување рече дека целта на неговата посета била да се осигура и да добие гаранции од сите клучни играчи дека се посветени на европската перспектива.

„Бев повторно уверен од лидерот на партијата Груевски дека исто така и ВМРО-ДПМЕ се многу посветени на европската перспектива и ќе играат конструктивна улога“, рече Хан.

Еврокомесарот со партиската делегација на опозициската партија предводена од Груевски се сретна вчера. Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека соопштија дека меѓудругото тие му пренеле дека локалните избори биле едни од најлошо организираните и дека се случиле работи што не доликувале и се коселе со вредностите на земја аспирант за Европската унија.

„Гледаме подобрување во оваа област. Како што сме многу посветени на владеењето на правото, независноста на судството, сметам дека ова е соодветно адресирано од релевантните институции и сите коментари и препораки од ОДИХР, не само дека ќе бидат прочитани, исто така ќе бидат земени предвид и по нив ќе биде постапено“, рече Хан.

„ЕУ за тебе“ - Хан со автобус низ Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Позитивна препорака во февруари

И додека очекувањата од опозицијата се да биде конструктивна, од сите очекува да бидат фокусирани на ургентните реформски приоритети. Како такви еврокомесарот ги наброја реформите во судството, во разузнавачки служби и администрацијата. Ако се реализира тоа неговите очекувања се позитивна препорака од Европската унија во февруари, па почеток на преговорите идната година.

За проблемот со името еврокомесарот немаше посебен коментар, наведувајќи дека е премногу рано за да се коментира конкретно, но ги поздрави контакти меѓу Македонија и Грција и мерките за доверба и договорот за добрососедство со Бугарија кој рече дека очекува да биде ратификуван во Собранието. Политичарите се избрани да наоѓаат решенија и да прават добри компромиси, порача еврокомесарот.

„ЕУ за тебе“

Утрото Хан го почна со посетата на Агенцијата за вработување и промоцијата на кампањата „Веруваме во тебе, вложуваме во тебе, ЕУ за тебе“. Со автобус на кој е испишана оваа порака, тој заедно со министрите за труд и социјала и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски, вицепремиерот Бујар Османи и евроамбасадорот Самуел Жбогар од Агенцијаата пристигна до амбасадата на Европската унија. Тука ја промовираше кампањата за помошта на унијата вредна 35,7 милиони евра дадена за вработувања, образование и социјална инклузија во периодот од 2007 до 2013 година. Задоволен сум што сега можеме нашето внимание да го тргнеме од кризни прашања и да се посветиме на активности, кои се насочени кон иднината, нагласи Хан.

Тој наведува и дека во иднина ќе бидат посветени на кампањи, со кои ќе им помагаат пред сè на младите.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG