Во зависност од партиско-политичката ориентација – такви се и коментарите и постовите на ФБ страницата на РСЕ.
За Јулијана Ѓоргиева „Од трн на глог ојде македонскиот народ“, а Билјана Фиданоска, инспирирана од зборовите на Заев дека „заврши ерата на локалните шерифи“ напишала дека „почнува ерата на предавствата и најголемите криминали што ќе бидат запаметени“. За Димче Дамчевски Заев е „човекот што донесе живот во Македонија“, а Биси Мемед Баки напишал: „Падна режимот!“ Силвестер Ќосев, пак, постирал: „Да ми кажеше некој лани дека Груевизмот ќе падне, ќе се смеев...“ Даниела Стојановиќ – Каргов кратко забележува: „Епа, браво Заев, браво!!!“ Љали Селманов му пожелува среќа на премиерот.
Огромен број од нашите фанови го коментираат и обраќањето на Груевски синоќа кога, покрај другото, се пожали за изборни нерегуларности, па затоа изгубила неговата партија. „Ај не филозофирај и не блефирај, туку гитла од партијата“, напишала Кети Ѓурчилова. „Леле, хахаха, сега уште инфаркт да одглуми за да си оди со стил!“ Билент Демир му брои: „Цели 11 години го лажеше народот, арамија“, а Петрулев ДП му ја спомнува гатачката: „Не ли ти кажа дека секе зло се враќа со зло?! За тебе најголемо зло е психата што сега те убива!“ Има и многу постови на луѓе кои бараат оставка од Груевски. Марија Бугариновска кратко постирала: „Оставка!!!!“ Нуки Сулејмани му препорачува да бега од партијата, затоа што „додека си ти таму, партија нема да биде, криминалец“. Ристе Иванов потсетува на зборовите на Јанкулвска што народот ги слушна во една од „бомбите“, кога „Трети спрат во МВР беше направен изборен штаб?“ А редовниот Кирил-Кико Пејовски коментира една од првите прес-конференции на опозициската партија: „Прстот на чело и дајте му да бира, дали сам ќе си замине или вие на клоци ќе го избркате!“