Достапни линкови

Европејците поделени околу идниот канцелар на Германија


Европејците за идниот германски канцелар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Европејците за идниот германски канцелар

На два дена пред германските парламентарни избори, според анкетите, со голема предност водат конзервативците на канцеларката Ангела Меркел. Европејците и од Запад и од Исток се со поделени мислења во врска со идниот лидер на најмоќната земја во Европската унија.

Во Париз, анкетираните граѓани имаат различни погледи за идниот германски канцелар.

Доминик вели дека Германија го наметнува начинот на кој работи цела Европа со тоа што и кажува на Европската централна банка што треба да прават другите земји.

Според него, кога Германија е во проблеми тогаш не и требаат некои европски стандарди:

„Но, кога на Германија и е добро таа решава за другите земји. Видете што им се случи на Италија, Грција, Шпанија. Веројатно и на Франција“, вели тој.

Лоис од Париз вели дека Меркел и натаму ќе биде кацеларка, бидејќи германците и веруваат:

„Мислам дека е убаво жена да раководи земја. Тоа е реткост во Европа“, вели тој.

Во Атина, повеќето анкетирани велат дека се помирени со тоа што Меркел најверојатно ќе добие четврти мандат, но оти би било подобро за Грција доколку дојде до смена на власта.

Тие повеќе го преферираат лидерот на Социјалдемократската партија Мартин Шулц. Илијас Зографос вели:

„Изгледа дека Меркел ќе остане на функцијата, но се надевам дека Шулц барем ќе биде министер за финансии, за да има извесен баланс. Во спротивно, со Шојбле како финансиски министер ние тука во Грција ќе имаме проблеми“, вели тој.

И како што разговорите за Брегзит бавно напредуваат, Британците со внимание ги следат германските избори. Оливер Лоџ од Лондон вели:

„Моето гледиште е дека таа е всушност многу добар пријател на оваа земја и нема да му наштети на никој ако биде повторно избрана“, вели тој.

Други, како Ирецот Луис Слевин, пак, сметаат:

„Ни треба промена. Ангела Меркел треба да си замине. Мислам дека би било убаво да има промени во Европа и да видиме што ќе дојде во иднина“.

Меркелиното лидерство исто така е контроверзно за Полска, каде што канцеларката е вовлечена во жешката дебата наметната од владејачката партија Право и правда околу миграциското прашање и слободата на полското судство.

Рафал од Варшава вели:

„Не сум среќен со разни нејзини одлуки. Ако зборуваме за нејзиниот пристап кон Полска и настаните во Полска или мигрантското прашање. Го оценувам тоа за многу негативно. Се надевам дека ова е крај на нејзиното владеење“, вели тој.

Како и да е, последните анкети покажуваат дека конзервативцитена Ангела Меркел далеку водат пред социјалдемократите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG