Достапни линкови

Синани – Субвенциите за земјоделците помагаат, но побитен е пласманот


Синани – Субвенциите за земјоделците помагаат, но побитен е пласманот
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:15 0:00

Синани – Субвенциите за земјоделците помагаат, но побитен е пласманот

Субвенциите за земјоделците се добредојдени, но проблемите не се решаваат со субвенции. Приоритетно е да се обезбеди пласман и солидна цена и може да се зголеми производството, вели Мемет Синани, заменик-претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Синани, се менуваат неколку влади, а земјоделците постојано посочуваат за најразлични проблеми. Според Вас, што е приоритетно да се направи во претстојниот период?

Секоја влада пред избори ветува сè и сешто, но важно е што ќе биде после избори кога ќе дојде на власт. Која било претходна влада, сега не знам за оваа сегашната, мислам дека пак ќе биде исто, но ние очекуваме барем оваа влада, реформска како што велат, ќе направи некои реформи. Ние како земјоделци се надеваме на подобро, ако не се надевавме немаше да посееме никаква површина.

Што сметате дека треба да се направи во наредниот период?

Приоритетно е да се обезбеди пласманот. Јас можам да произведувам колку сакате производи, пченица, грав, пченка, со тоа јас што се занимавам, тој што се занимава со тутун, може тутун, но ако нема пласман каде ќе го носи тоа? Ние очекуваме од оваа реформска влада да има реформи во пласманот, договорно производство, да знам колку ќе произведувам и за кого ќе го произведувам. Да имам обезбеден пласман и солидна цена.

Новата влада најави 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците. Дали ова е доволна сума која ќе ги реши проблемите на луѓето кои живеат од оваа дејност? Деновиве гледаме дека има незадоволство кај производителите на бостан, претходно имаше проблеми со земјоделците кои произведуваат праски, како и оние кои произведуваат домати.

Претходните влади најавуваа 110 милиони, 130 милиони, оваа влада 160 милиони евра, субвенциите за земјоделците се недоволни кога било. Секогаш субвенциите се добредојдени, но проблемите не се решаваат со субвенции. Во Македонија треба да се работи на стратешко ниво за пласман, за солидна цена и ние може да произведеме. Субвенциите на земјоделците треба да им се поделат тогаш кога им се потребни. Федерацијата на фармери пред неколку години направи календар за исплата на субвенциите. Мене за полјоделство ми се потребни во септември за да можам да посеам квалитетна пченица, на оној што се занимава со раноградинарство нему кога му требаат, не да се даваат сите до 30 јуни или еве помина и 30 јуни, а не се платени.

Целото интервју со заменик-претседателот на Федерацијата на фармери на Македонија, Мемед Синани, може да го погледнете на видео-снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG