Достапни линкови

Граѓанскиот сектор во Жупа има потреба од едукација


Центар Жупа, поглед
Центар Жупа, поглед

Активностите на невладините организации во Жупа се сведуваат на организирање културни манифестации и прослави, додека малку се занимаваат со екологија. На активистите им се потребни обуки за подготовка на проекти.

Во руралната општина Центар Жупа делуваат четири невладини организации, но нивната активност се сведува само на организирање на прослави и манифестации. И покрај тоа што овде има големи еколошки проблеми, нема активности во сферата на заштитата на животната средина.

„Невладините здруженија работаат наменски. Ако се направи една анализа на работењето на овој сектор, ќе се види дека активностите ги имаат во летниот период, кога овде доаѓаат печалбарите. Главни сфери каде ги реализираат тие мини проекти се културата и прославите. Во сферата на екологијата се прави многу малку и сите активности во насока на заштита на животната средина ги реализира локалната власт и училиштата во оваа општина“, вели активистот во невладиниот сектор во оваа општина, Фехми Скендер.

Според него, активностите на граѓанските здруженија треба да се присутни и во другите сфери од животот. Во вкупната оценка што ја дава невладиниот сектор во оваа мала општина, која има големи можности за развој на туризмот и сточарството, треба да има повеќе активности во сферата на заштитата на животната средина. Неопходни се и проекти во други сфери, а не да организираат само прослави и манифестации.

„Пропорционално гледано, бројот на здруженијата и населението, бројката на здруженијата е многу мала. Како главни причини кои влијаат на недостигот на активности на граѓанскиот сектор се силната миграција на населението, особено младите, недоволна заинтересираност на младите за учество во активностите на невладиниот сектор, како и потребата од едукација, односно обука на активностите на здруженијата за подготовка на проекти. Едукацијата е неопходна во оваа општина кога се во прашање потребите на здруженијата“, додава Скендер.

Во една ваква состојба кога граѓанскиот сектор нема средства за подготовка на проекти, локалната власт дава поддршка за реализација на проекти во сферата на екологијата, но и други сфери но исто така укажува дека самите здруженија треба да започнат со подготовка на проекти.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG