Масовното иселување на жителите на општина Центар Жупа продолжува со нагласен интензитет. Во едно од најголемите селски населби во оваа рурална општина, селото Броштица, над 60 отсто од населението денеска живее во земјите на Европската унија.
Во основното училиште во оваа село, бројот на учениците во последните десет години е намален за два пати, вели раководителот на подрачното училиште Казафер Емрулоски.
„Кога започнав да работам како наставник во 80-тите години, во моето село секоја паралелка имаше од 25 до 26 ученици. Денеска состојбата е поинаква. Бројот на учениците во паралелките се движи од 7 до 13. Сликата денеска е жалосна. Во тој период во селското училиште во Броштица имаше над 200 ученици, денеска таа бројка е два пати помала. Голем број од нашите ученици, по завршувањето, се школуваат и завршуваат средни училишта, но и факултети, но потоа се иселуваат. Денеска имаме лекари од нашето село кои се и во Германија“, вели тој.
Според раководителот на подрачното училиште во Броштица, Казафер Емрулоски, кој е еден од првите наставници во оваа училиште, процесот на иселување продолжува и денеска. Една од главните причини е актуелната состојба во Република Македонија. Младите во најголем дел го напуштаат селото и се иселуваат во земјите на ЕУ.
„Процесот на иселување за жал продолжува со нагласен интензитет поради актуелната политичка и безбедносна состојба во Република Македонија. Нема вработување и тие си заминуваат. Има и појава младите машки и женски лица да се мажат за иселеници сè со цел да го напуштат селото и државата за да најдат подобар живот и да се спасат од оваа тешка состојба во која се“, додава Емруловски.
Слична е состојбата со иселувањето и во другите селски населби во општина Центар Жупа. Во некои од селските населби, како што се Голем Папрадник, Мал Папрадник, Новак, Коџаџик и други, иселувањето на населението достигнува и до 70 отсто.