Достапни линкови

Иселувањето и реформите во ВМРО-ДПМНЕ


Архивска фотографија: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, врши увид на започнати прокети во времето кога неговата партија беше на власт
Архивска фотографија: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, врши увид на започнати прокети во времето кога неговата партија беше на власт

Интервјуто со Влатко Атанасоски од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и иселувањето од Македонија се најкоментирани теми од нашите читатели оваа недела.

Неделното интервју на РСЕ овој пат е со Влатко Атанасоски од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, инаку 14 години член на таа партија. Покрај другото, тој вели дека сиве овие години било навистина тешко низ органите на партијата да се протурка различна идеја од таа на актуелното раководство, а да не биде сфатена како „предавство или фракционизам“ во партијата.

Рубин Ристески, Горан Костовски, Роберт Коруноски и многумина други, се јавиле со негативни коментари на неговите ставови искажани во интервјуто, за разлика, на пример, од Крстеска Вања која напишала дека „на Влатко можат сите вода да му носат“ и дека е „многу чесен човек“, или од Зулко Зуко Зекири кој вели дека „држава со криминалци не се гради, а Македонија во последната декада ја водеа криминалци кои беа цунами за неа“. Марија Бошковска се согласува со Атанасоски и постирала: „Точно, и на нас што имавме различни идеи се удираше брутално и безмилосно. Ете им го сега ДПМНЕ, ако не си замине Кољо, невладина организација ќе стане“.

Нашата информација дека над 60 отсто од населението на село Броштица во општина Центар Жупа, во дебарскиот крај, е иселено и живее во земјите на ЕУ, како и тоа дека и другите села во таа општина забрзано се празнат, предизвикало широка дебата на ФБ страницата на РСЕ, за тоа кои се причините („покрај другото причините лежат во раководниот кадар кој речиси 100% е од партиски послушници, без свое јас, без визија и креативност“ – според Неваип Исмаили), дека празнењето се случува „во цела западна Македонија“ (како што постирал Исмаил Амин Хадис Мурати, дека „сликата е иста и во источна Македонија“ – како што забележува Столе Николов. А најголемата вистина можеби ја кажува Баки Шајноски: „Сите што заминаа, без разлика на која етничка заедница припаѓаат, се државјани на Македонија, а ваму сме дошле за да преживееме, политичарите во Македонија само кога се избори нè бараат по цела Европа. Тажно.“

Во постовите се коментира и нашата интерна анкета дали потезите на новата Влада кон соседите значат отворање на патот кон ЕУ и НАТО или распродажба на националните интереси. Се забележува доминација на оние кои коментираат дека е тоа начин за приближување кон евроатлантските интеграции, но многубројни се и оние коментари со кои се обвинуваат новиот премиер и Владата за наводна продажба на националните интереси. Меѓу другите мислења се издвојува постот на Екрем Зелина Муареми: „Мислам дека е рано да се даде правично мислење, но во едно сум сигурен, дека е подобро да се разговара отколку да се бега од проблемите“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG