Достапни линкови

Макрон на чекор до претседател на Франција


Франција избра, Макрон и Ле Пен во вториот круг
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Франција избра, Макрон и Ле Пен во вториот круг

Центристот Емануел Макрон постигна голем успех со победата во вчерашниот прв круг од претседателксите избори во Франција. Тој во вториот круг што ќе се одржи на 7 мај ќе се трка со кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен. Одѕивот беше околу 70 отсто, најдобар во последните 40 години.

Француското Министерство за внатрешни работи ги соопшти конечните резултати, според кои, Макрон добил 23,7 отсто, додека Ле Пен 21,5 отсто од гласовите.

Макрон по победата изјави:

„Француските гласачи решија да ме доведат во водство во првиот круг од овие избори.“

Триесет и девет годишниот Макрон, кој е релативно ново лице на француската политичка сцена, никогаш немал некаква функција.

Сепак, најновите анкети покажуваат дека тој лесно ќе може да ја победи 48-годишната Ле Пен.

Според некои испитувања на јавното мислење, доколку вториот круг се одржи сега Макрон би добил од 62 до 64, а Ле Пен 36 до 38 отсто од гласовите.

Ле Пен ги поздрави резултатите од изборите како „историски“ и вети „ослободување на Французите од арогантните елити“.

„Го направивме првиот чекор кој ќе ги доведе Французите во Елисејската палата. Резултатот е историски“, рече Ле Пен.

Вчерашните избори преставуваат голем пораз за партиите од таканаречениот центар и од левата и од десната страна на политичкиот спектар, кои доминираа во Франција во изминативе 60 години.

Конзервативниот екс премиер Франсоа Филон кој доби 19,9 отсто изјави:

„И покрај сите мои напори и покрај решеноста не бев во можност да ве убедам. Пречките на мојот пат беа преголеми и премногу сурови.“

Кандидатот на владејачката левица Бено Амон го призна поразот на изборите на кои заврши на петото место:

„Елиминацијата на левицата од екстремната десница, по втор пат во последните 15 години не е само тежок изборен пораз. Тоа го запечатува моралниот пораз за нашата земја, особено во однос на левицата.“

Социјалистите веќе најавија дека во вториот круг ќе гласаат за Макрон.

Крајниот левичар Жан Лук Меланшон, за кој едно време се сметаше дека ќе успее да влезе во вториот круг, освои 19,6 проценти и разочарано констатира:

„Резултатите објавени од почетокот на оваа вечер не се оние на кои се надевав.“

Овие избори уште еднаш го покажаа расположението на француските граѓаните по ланското гласање на Британците за излез од европската унија, како и изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Држави.

По првичните резултати еврото порасна за 2 отсто, со оглед на тоа што Макрон изрази силна поддршка за Европската унија и за заедничката валута.

Всушност победата на Макрон веднаш беше поздравена од челниците на Унијата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG