Достапни линкови

Неизвесноста на претседателските избори во Франција


Французите неопределени пред претседателските избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Французите неопределени пред претседателските избори

Франција се наоѓа пред најнеизвесните избори во поновата историја на земјата. Гласачите само на неколку дена пред првиот круг, 23 април, велат дека не се сигурни за кој претседателски кандидат ќе гласаат.

Француската претседателска трка изгледа многу непредвидлива откако две испитувања на јавното мислење покажаа дека четворицата главни кандидати имаат исти шанси да се пласираат за вториот круг на изборите што ќе се одржи на 7 мај.

Огромното антиестаблишмент чувство и разочараноста од француската економска малаксаност, според експертите, се главните причини поради кои голем број гласачи им го вртат грбот на главните партии на француската политичка сцена.

Последните анкети покажуваат дека расте загриженоста кај инвеститорите оти во вториот круг сепак ќе се пласираат кандидатката и лидерка на крајно десниот Национален фронт Марин Ле Пен и кандидатот на крајната левица Жан Лук Меланшон. Мишел од Париз вели:

„Било тие да се од лево или од десно сите се исти. Тие се таму за да дојдат до власт. И тоа е тоа. Тие се само попречени од народот за време на изборите. Тоа е се“, вели тој.

Активистот на Националниот фронт Савие Галацо, пак, оценува:

„Лесно е да се даваат ветувања, но она што ни треба е акција. Луѓето сакаат акција. Тие не можат да даваат ветувања и потоа кога ќе бидат избрани да ги забораваат. Денес ни треба промена и тоа ќе се случи ако победи Марин Ле Пен“, вели тој.

Францускиот претседател Франсоа Оланд деновиве рече дека тој ќе се чувствува лично одговорен доколку лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен победи на изборите.

„Секој треба да се чувствува одговорен. Партија не може да дојде на власт без граѓаните да ја изберат во демократија, и ако шефот на државата не го спречи тоа, не го предвиди тоа, не дејствува, што е моја одговорност, тие ќе бидат први што ќе ме обвинат за отворање на патот крајнодесничарска партија да дојде на власт во Франција“, рече тој.

На неколку денови пред изборите во едно предградие на Париз дојде и до судири меѓу полицијата и демонстрантите против Националниот фронт на Ле Пен.

Француската полиција во вторникот, пак, објави дека уапсила двајца екстримисти кои планирале напади врз претседателските кандидати.

„Не сме уплашени и нема да се делиме пред криминалците“, изјави кандидатот на радикалната левица Меланшон, кој со помош на холограми истовремено имаше седум митинзи.

Неговиот говор во Дижон преку сателит беше пренесуван во пет други градови, како и на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG