Достапни линкови

Џабе не седи, џабе работи!


Рубинчо Аризанкоски, член на невладина организација „Достоинствен работиник“
Рубинчо Аризанкоски, член на невладина организација „Достоинствен работиник“

Активните политики на пазарот на труд имаат помал капацитет за зголемување на бројот на работни места за разлика од макроекономската стабилност, економскиот раст и правната и институционална сигурност, пишува во младинската онлајн колумна, Рубинчи Аризанкоски од невладината организација „Достоинствен работник“.

Невработеноста претставува еден од најтешките социо-економски проблеми со кој се соочуваат голем број земји во светот. Високата стапка на невработеност носи со себе голем број други проблеми како што се сиромаштија, социјална несигурност која пак резултира со низок квалитет на живот на населението, исто така влијае врз искористеноста на ресурсите и врз економскиот раст. Поради активните политики на пазарот на труд невработеноста во Република Македонија се вели дека има надолен тренд односно таа континуирано се намалува, што претставува добар знак за заздравување на нашата економија.

Од друга страна, во период имаме континуиран пад на стапката на невработеност од 32,2 проценти во 2009 година на 28,6 проценти во 2013 година на национално ниво. Во 2004 година во Македонија стапката на невработеност кај младите изнесувала 64,8 проценти што значи дека поголем број од младите се без вработување. Стапката на невработеност кај младите лица продолжува да бележи поблаг пад во 2014 година каде стапката на невработеност кај млади лица изнесуваше 53,1 проценти. Стапката на младинска невработеност и сега е доста висока, односно секој втор млад е без вработување.

Но, според податоците од Агенцијата за вработување ПЕ Прилеп се истакнува бројка од 25.033 невработени лица, додека за 2017 година има 13.835 или намалена за 11.198 невработени лица. Исто така, податоците говорат дека во ТИРЗ Алинци-Прилеп, во американската компанија Гентерм моментално има 870 вработени, додека во ТИРЗ Жабени - Битола во компанијата Кромберт и Шуберт се очекува да достигне бројка на вработувања од 300 до 500 лица.

Македонија како земја со висока стапка на невработеност карактеристично е да има висок процент на долгорочна невработеност. Долгорочната невработеност и високата стапка на невработеност кај младите создаваат состојба на „статичност“ на пазарот на труд каде што поради малиот број на новоотворени работни места вработените решаваат да останат вработени, а невработените остануваат без вработување повеќе од една година каде влијае и врз вработените од причина што создава подлога да бидат кршени нивните работнички права.

Работодавачите се свесни за состојбата на пазарот и можат да си дозволат кршење на работничките права и притоа да не наидат на отпор од вработените поради нивниот страв за губење на работното место. Затоа во земји со висока невработеност и со слаби синдикати како што е случајот во нашата земја, работодавачите грубо ги кршат работничките права.

Проектот „Идентификација и заштита на работниците од трудова експлоатација“ кој го реализираше здружението Достоинствен Работник со поддршка од Фондација Отворено Општество во досегашниот период даде значаен придонес кај работниците од текстилната индустрија и земјоделството како и во локалната заедница за подигање на степенот на свесност за пријавување на трудовата експлоатација кај институциите на системот, синдикатите и граѓанските организации.

Кога станува збор за активните политики на пазарот на труд важно е да се спомене дека овие политики немаат големо влијание врз намалувањето на невработеноста. Активните политики на пазарот на труд имаат помал капацитет за зголемување на бројот на работни места за разлика од макроекономската стабилност, економскиот раст, правната и институционална сигурност. Доколку овие политики се соодветно креирани тие можат да имаат значително влијание врз намалување на невработеноста и зголемување на вработеноста.

Кога имаме една ваква состојба на пазарот на труд можеме да заклучиме дека ваквото решавање на проблемот со невработеноста не претставува решение на проблемот, туку создава и низа други проблеми.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG