Достапни линкови

Кога „каменот” доаѓа од родителите


Арта Селмани Бакиу, Доктор на науки по семејно право
Арта Селмани Бакиу, Доктор на науки по семејно право

Во ситуациите кога оваа злоупотреба доаѓа од самите родители, тогаш државата има обврска да ги заштитува децата од своите родители, со тоа што ќе ги оддалечи од нив, пишува Арта Селмани Бакиу, доктор на науки по семејно право, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Едно од основните права на децата e правото да живеат со своите родители, со тоа што родителите ќе се грижат за своите деца, исполнувајќи ги сите обврски кои со закон им се определени. Ова е гарантирано со сите меѓународни и национални документи и се казнува секаков вид физичко, психичко малтретирање на децата, занемарување и злоупотреба, со тоа што им се дава право да родителите да ги заштитуваат своите деца од трети лица.

Во ситуациите кога оваа злоупотреба доаѓа од самите родители, тогаш државата има обврска да ги заштитува децата од своите родители, со тоа што ќе ги оддалечи од нив. Преку промовирањето на начелото на најдобриот интерес на децата, државата има правна основа да интервенира во родителските односи кога имаа индиции дека ги лишуваат и ги кршат правата на децата.

На 23 март бев зачудена кога на телевизија видов дека злоупотреба на децата доаѓа токму од страна на нивните родители. Беше грозно да се гледа како родителите заедно со своите малолетни деца протестираат. Не навлегувајќи на мотивот за протестирањето, оти тоа отвара други ранливи дискусии, мене како родител, граѓанин и како поборник за правата на децата, ми беше неприфатливо и противзаконито како една група несовесни родители маршираат без ни трошка срам, и тоа не за манифестирање на некој детски настан, туку за политички цели.

„Драги“ родители, дали знаете дека најстрогата санкција која законот ја предвидува за несовесните родители е одземање на вршењето на родителското право? Мерката одземање на вршењето на родителското право на родителот за да живее и да го воспитуваа своето дете, е една репресивна мерка за заштита на личните интереси на вашите деца.

Оваа мерка се изрекува кога ќе се исполнат претпоставките пропишани со закон кои резултираат со негативни ефекти кон детето. Основната и последната цел на оваа мерка е да се заштитат личните права на децата. Значи вие „драги“ родители го злоупотребивте вашето родителско право преку овој начин на несовесно однесување. Ова дејствие ви се препишува како психичко насилство врз вашите деца и како наведување на општествено неприфатливи поведенија, кои според Законот за семејството се нормираат како злоупотреба и занемарување на родителските права и должности.

Законот за семејството пропишува законска обврска на секој граѓанин, орган и на секое правно лице да го извести центарот за социјална работа веднаш штом ќе дознае дека е потребна заштита на личноста, правата и на интересите на детето. Затоа, за ова ваше незаконско дејствие, треба да реагира целото општество. Значи, за сите вас кој на ден на протести ги злоупотребивте децата за вашите лични и ниски мотиви, треба да ви се одземе вршењето на родителското право.

На децата им треба сигурна и безбедна семејна средина, и родители кои ќе ги заштитуваат и ќе ги сакаат. Тие треба да имаат чувство на стабилност, така што кога работите не се развиваат како што треба надвор од домот, семејтвото би требало да е место за утеха, помош и за поддршка, а не токму родителите да се поттикнувачи на кршењата на правата и повреда на личноста на сопственото дете. Затоа, „драги” родители, вашата енергија насочете ја кон обезбедување на една правна и економска стабилна држава за вашите деца.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG