Достапни линкови

Младите заинтересирани за социјално претприемништво


Работилница за социјално претприемништво во Дебар
Работилница за социјално претприемништво во Дебар

Организацијата Јес алумни Македонија организира работилници за социјално претприемништво, на кои младите како утрешни претприемачи ги изнесуваат своите идеи во сферата на бизнисот.

Работилниците за социјално претприемништво што ги организира YES ALUMNI MACEDONIA во четири градови во Македонија се добра можност за подготвување на младите како утрешни претприемачи да ги изнесат своите идеи во сферата на бизнисот кој би имал пошироки размери со социјален карактер. На работилницата во Дебар, организирана во соработка со средното општинско училиште, младите со особен интерес ги пренесоа своите идеи како утрешни претприемачи во општината Дебар како и пошироко во регионот.

„Станува збор за проект посветен на утрешното претприемништво, кој се состои од работилници за социјално претприемништво водено од YES ALUMNI MACEDONIA, спонзорирани од страна на Американската амбасада во Македонија и YES грантовите. Проектот се реализира во општините Богданци, Mакедонски Брод, Дебар и Пробиштип. Се организира во соработка со средните училишта. Досега има голем интерес во работата на групи кои се состојат од по 20 ученици од средните училишта. Проектот е интересен за младите“, изјави Ноеми Чаусидис од YES ALUMNI MACEDONIA.

Таа нагласи дека социјалното претприемништво е облик на комерцијализација на бизнисот кој подеднакво би се ширел, не само кај една група на луѓе, туку и пошироко во средината.

Работилница за социјално претприемништво во Дебар, Ноеми Чаусидис
Работилница за социјално претприемништво во Дебар, Ноеми Чаусидис

„Се работи добро, има интерес, а интересни се и идеите. Се изнесуваат идеи како да се дојде до пари, но исто така се изнесуваат и можностите што ги нуди Дебар за да потоа се пренесат идеи, кои би имале ефекти“, вели Чаусидис.

Овој значаен проект на YES ALUMNI MACEDONIA наиде на голем интерес кај дебарските средношколци. Проектот е поздравен и од страна на повеќе дебарски фирми, кои оценуваат дека овие активности даваат можност младите да почнат да ги изнесуваат идеите кои се битни за севкупниот развој на социјалното претприемништво и пошироко.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG