Достапни линкови

Битиќи – Нови избори ќе го дотепаат бизнисот


Битиќи – Нови избори ќе го дотепаат бизнисот
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:56 0:00

Битиќи – Нови избори ќе го дотепаат бизнисот

Нови избори би биле голем удар за стопанството. Во таков случај ќе продолжиме со стагнација, дури и регрес на планираниот економски раст, вели извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Битиќи, кои се директните последици од политичката криза, која трае предолго, врз економијата, во која најмногу засегнат е бизнис секторот, зашто на бизнисот му е потребна стабилна и мирна политичка клима, која, за жал, по изборите се уште ја нема?

За жал има директна последица, а тоа е стагнацијата на економскиот раст, којашто сите очигледно ја гледаме. Ние како Стопанска комора на северозападна Македонија веќе на неколку пати сме кажале дека таквата политичка криза директно ќе влијае. Изминатата година ја завршуваме веројатно со рекордно најниско ниво на економски раст, а од друга страна самото стопанство, самите бизниси сè уште продолжуваат да имаат проблеми со ликвидност, со тековното работење, со неподмирување на тековните обврски, овде вклучувајќи ги државните институции, а и раскинување на договори или ставање на некои договори во стагнација, затоа што не можат да ги спроведат поради потешкотиите во нивното спроведување.

Може ли политичари кои се осомничени за криминал и корупција, кои беа обелоденети со „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата, да ја компромитираат економијата создавајќи нелојална конкуренција и други проблеми и може ли бизнис секторот да се избори против тоа?

Главните принципи што ние ги бараме од следната влада се транспарентност и отчетност, а второ е владеење на правото. Владеење на правото затоа што сметаме дека тоа ќе обезбеди функционалност на сите институции, на различните нивоа, ќе осигура праведно и афирмативно спроведување на закони, што е неопходно за едно стопанство. Овде нема да навлегувам дали истите луѓе тоа да го направат, но сметам дека ако постигнеме соодветно владеење на правото, дека тоа е единствениот излез на Македонија од оваа политичка криза.

По неуспехот да се формира влада, некои парти излегоа со предлог за нови избори. Дали тоа ќе значи дополнителна неизвесност за стопанството и планирате ли чекори во тој случај за да се ублажат ризиците?

За жал ако тоа се случи сметам дека ние, иако мислиме дека 2017 може да биде последната година во која ќе ги видиме сите лоши последици од последните две години. Ако имаме нови избори тоа сметаме дека ќе биде голем удар за стопанството, дека ние ќе продолжиме со стагнација, дури и регрес на планираниот економски раст и за жал ние воопшто не ни мислиме дека политичарите тоа би требало да го имаат како сценарио, зашто не би сакале да навестиме дека тоа може да значи црно сценарио за Македонија како држава и за стопанството како такво. Можно е да има знаци на црно сценарио, а тоа се знае е изумирање на одредени сектори во економијата, што веројатно ќе им треба многу, многу време да се репарираат и да дојдат до нормално функционирање.

Целото интервју со извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, може да го погледнете на видео-снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG