Достапни линкови

Лебдечка камера и суперхерој во Лас Вегас


Што има на саемот за електроника во Лас Вегас?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Што има на саемот за електроника во Лас Вегас?

Најсветлите умови во светот ги донесоа нивните последни технолошки иновации на Саемот на електроника, познат како ЦЕС, во Лас Вегас. Тие се надеваат дека нивните големи идеи ќе бидат следната голема светска работа.

Една таква инвенција е „Лебдечката камера“, мал дрон кој го следи нејзиниот сопственик го фотографира и го снима за време на неговите активности.

Креирана од „Зиро Зиро Роботикс“ оваа „селфи камера“ се разликува од другите по тоа што може да го најде и да го препознае својот сопственик.

Ванг Менгиу, осоновачот на оваа компанија со седиште во Пекинг вели:

„Па, она што го имам во моите раце е лебдечка камера. Ова е всушност летечки робот, летечко парче на вештачка интелигенција. Тоа е како ваш личен фотограф, ве следи и ви го снима животот“, вели тој.

За оние што некогаш сакале да искусат како е да се лета како суперхерој тука е „хиперкостумот“, симулатор за виртуелна реалност.

На корисникот му дава чувство на летање без да го напушти неговиот дом.

Том Сикард, коспоственик на француската компанија која го прави костумот вели:

„Сакавме да создадеме прво посредно средство за виртуелна реалност, своевидно домашно хибридно возило што ви овозможува да правите што сакате. Например можете да летате, да нуркате и се друго што не може да прави обичниот човек“, вели тој.

И доколку некогаш не знаете што ви фали во вашиот фрижидер, а сте во продавница тука е таканаречата „Фриџкам“, безжична камера развиена од „Смартер“, компанија со седиште во Лондон.

Камерата ја ставате во ладилникот и преку слики на вашиот мобилен можете додека сте во продавница да видите што ви недостига.

Тука е и „Кури“ домашен робот кој ви прави друштво дома. Мајкл Биби од „Мајфилд Роботикс“ вели:

„Ова е Кури, тој може да се програмира, многу паметен робот кој е супер симпатичен. Хај Кури. Може да игра криенка со вашите деца, да ви каже кога вашата сопруга доаѓа дома“, вели тој.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG