Делегати од повеќе од сто земји и врвни научници во Копенхаген во текот на оваа недела треба да усвојат таканаречен Синтетизиран извештај на Обединетите нации.
Имено, во извештајот треба да бидат интегрирани сознанија од предходните истражувања и научни трудови за климатските промени.
Во изминативе 13 месеци, Меѓувладината комисија за климатски промени објави три извештаи како дел од Петтиот извештај за проценка.
Оној што се подготвува сега во Копенхаген треба да биде своевиден водич на државите во нивните активности во борбата против климатските промени.
Студијата ќе биде објавена на 2 ноември и е базирана врз научни основи за климатските промени: влијанието, прилагодувањето и намалувањето на штетите од овие промени.
Како што ги гориме фосилните енергенси, така ја гориме подлогата под нас. Ние можеме да го запреме оганот, или можеме да скокнеме во морето. Првото решение чини пари, второто се чини дека е бесплатно. Ама не е така.Данскиот министер за клима, енергија и градежништво Расмус Хелвег Петерсен
Данскиот министер за клима, енергија и градежништво Расмус Хелвег Петерсен, отворајќи го собирот ги потсети делегатите дека не би требало, како што рече, да им испратат висока сметка за плаќање на идните генерации.
„Денес можеме да измериме покачување на темепратурите, на нивото на морињата и на нашите сметки за осигурување. Утре ќе треба да го измериме нашиот растечки долг што ќе им го предадеме на идните генерации. Како што ги гориме фосилните енергенси, така ја гориме подлогата под нас. Ние можеме да го запреме оганот, или можеме да скокнеме во морето. Првото решение чини пари, второто се чини дека е бесплатно. Ама не е така.“
Изјави Расмус Хелвег Петерсен. Извршниот секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени Кристијана Фигуерес изрази надеж дека конференцијата во Копенхаген ќе доведе до конечни резултати со цел да се дојде до најнов влијателен научен извештај што бил направен досега.
Според нацрт извештајот подготвен од Меѓувладината комисија за климатски промени на Обединетите нации, климатските промени би можело да имаат сериозни, далекусежни и неповратни последици врз природата, а со тоа и врз општеството.
Меѓувладината комисија е формирана во 1988 година со цел да им дава на оние што ги носат одлуките во земјите во светот регуларни проценки врз научна основа за климатските промени, за нивното влијание, можните идни опасности, како и опции за прилагодување на луѓето.
Во минатата недела лидерите на Европската унија во Брисел се договорија да ја намалат емисијата на јаглерод до 2030 година најмалку за 40 насто од нивото во 1990 година. Станува збор за клучен чекор на Унијата во борбата против климатските промени.
Сегашната цел, намалување за 20 насто, која треба да биде достигнат до 2020 година, веќе бил постигнат. Според експертите, во голем дел и поради распадот на индустријата во поранешниот комунистички источен дел од Европа.