Среброто уште од антиката се користи заради неговото анти-бактериско дејство, но до сега имаше малку информации за ефектот на сребрените честици во борбата со инфекциите.
Научниците неодамна докажаа дека со додавање на мали количини од благородниот метал во антибиотици се зголемува ефектот на медикаментите и до 1.000 пати. Тим на американски научници минатата недела ги објавија нивните наоди во Журналот за наука и традиционална медицина. Тестовите на лабораториски глувци покажале дека среброто ја зголемува премисивноста на клеточната мембрана со што антибиотиците имаат зголемен ефект. Металот исто така придонесува кон зголемено производство на кислород кој ги убива бактериските клетки.
Доктор Џим Колинс од Универзитетот во Бостон во изјава за Радио Слободна Европа вели дека со овие два механизми се намалува отпорноста на бактериите на терапијата со антибиотици.
„Среброто се користи со милениуми како самостоен антибактериски третман. Употребата датира од времето на древен Египет и Грција. Нашите резултати покажуваат дека вреди да се размислува за среброто на поинаков начин, но во секој случај станува збор за моќно оружје против отпорни бактерии. Фактички среброто може да се употребува за појачување на веќе постоечките и често употребуваните терапии со антибиотици“, вели Колинс.
Сребрените честички се ефикасни во уништувањето на таканаречените грам – негативни бактерии, кои се еден од двата вида отпорни бактериски инфекции. Грам-негативните бактерии се предизвикувачи на пнеумонија, крвни инфекции, инфицирани рани и менингит. Колинс вели дека даматичниот раст на инфекции отпорни на антибиотици ја создава потребата за развивање на нови терапии.
Доктор Рут Мекнерни од лондонското училиште за хигиена и медицина, од друга страна, вели дека научниците допрва треба да ги истражат токсичните својства на металот пред да се одобри употребата на среброто со антибиотици.
„Се уште не знаеме колку е токсично среброто и дали може да предизвика оштетување на бубрезите и црниот дроб. Сребрените честички може да ги направат антибиотиците потоксични. Без долготрајни студии не може да се даде одговор на овие отворени прашања. Сепак, станува збор за многу интересна студија“ вели Мекнерни.
Според неа, цената на среброто не би била проблем бидејки металот би се користел во мали количини доколку ваквата форма на терапија е одобрена.
Среброто се користи со милениуми како самостоен антибактериски третман. Употребата датира од времето на древен Египет и Грција. Нашите резултати покажуваат дека вреди да се размислува за среброто на поинаков начин, но во секој случај станува збор за моќно оружје против отпорни бактерии.Доктор Џим Колинс.
Научниците неодамна докажаа дека со додавање на мали количини од благородниот метал во антибиотици се зголемува ефектот на медикаментите и до 1.000 пати. Тим на американски научници минатата недела ги објавија нивните наоди во Журналот за наука и традиционална медицина. Тестовите на лабораториски глувци покажале дека среброто ја зголемува премисивноста на клеточната мембрана со што антибиотиците имаат зголемен ефект. Металот исто така придонесува кон зголемено производство на кислород кој ги убива бактериските клетки.
Доктор Џим Колинс од Универзитетот во Бостон во изјава за Радио Слободна Европа вели дека со овие два механизми се намалува отпорноста на бактериите на терапијата со антибиотици.
Се уште не знаеме колку е токсично среброто и дали може да предизвика оштетување на бубрезите и црниот дроб. Сребрените честички може да ги направат антибиотиците потоксични. Без долготрајни студии не може да се даде одговор на овие отворени прашања. Сепак, станува збор за многу интересна студија.Доктор Рут Мекнерни.