Достапни линкови

Демотивирани млади избегнуваат политика


Демотивирани млади избегнуваат политика
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Демотивирани млади избегнуваат политика

Младите имаат капацитет да влијаат Македонија да стане подобро место за живеење, но политичката ситуација ги демотивира. Општеството е партизирано, но младите со кои разговаравме велат дека избегнуваат да бидат дел од партија.

Младите се песимисти дека можат да направат промени во македонското општеството. Бројните проблеми во земјата ги обесхрабрува дека постојат алтернативи за подобра иднина.

Пред Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје разговараме со студентите, за тоа дали веруваат дека преку каков било нивен ангажман или активизам, можат да влијаат Македонија да стане подобро место за живеење.

Многумина не сакаат воопшто да дебатираат на оваа тема пред камерите. Поголем број од нив велат дека младите не можат да бидат решение на проблемите, а во помал број се оние кои се надеваат на успех.

Студентот Никола Дукоски е еден од ретките кои смета дека младите имаат капацитет за промени, но вели дека е демотивиран од политичка ситуација во земјава за да се вклучи во таков ангажман.

„Во секој случај можат, но моменталната ситуација и политичкото дејствување не се во согласност со моите верувања“, вели Дукоски.

Некои од неговите колеги кои не сакаа да го откријат идентитет, пак, велат оти не може да се остави на младите сами да ги решаваат проблемите и да ги менуваат состојбите.

„Потребно е сите делови од општеството да се потрудат да направат некоја промена“, вели студент.

Негов врсник вели дека младите немаат никакви шанси да направат промени: „Мислам дека нашата судбина е доста запечатена и дека ние тука немаме ништо врска.“

Оние со оптимистички погледи велат дека младите можат многу да направат, меѓутоа треба повеќе да се потрудат.

Со младите разговараме и дали членуваат во политички партии и дали сметаат дека преку членување во политичка партија е можно да поттикнат промени?

Младите и политиката: апатија или ангажираност?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:07 0:00

Познато е дека македонското општеството е доста партизирно и дека политичките партии во многу случаи се користат за остварување на лични интереси, а помалку за заедничките. Но, скоро сите млади со кои разговаравме рекоа дека не членуваат во политичка партија.

„Немам интерес и досега не ми се отворила таква можност.“

„Не сакам да сум партиски определен.“

„Не сакам да бидам член на партија, бидејќи кога младите членуваат во партија тие не го застапуваат гласот на младите, туку го застапуваат својот интерес“, беа дел од одговорите на студентите.

Неперспективноста за идниот развој на земјата и немањето слух за проблемите на младите придонесува кон тоа мал број од нив да веруваат дека се можни промени и се повеќе иднината да ја гледаат надвор од Македонија.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG