Достапни линкови

Каримов беше заштитник или диктатор?


Каримов беше на чело на поранешната советска република од прогласувањето на независност во 1991. Почина во болница по мозочен удар. Додека некои на него гледаат како на заштитник на својот народ од заканата од милитантниот ислам, неговите критичари велат дека тој беше брутален диктатор.

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов почина денеска во Ташкент на 78 годишна возраст, соопшти денеска државната телевизија. Тој почина во болница откако пред неколку денови доживеа мозочен удар. Каримов ќе да биде погребан утре во родното место Самарканд. Формирана е Државна комисија предводена од премиерот Шавкат Мирзијаев која ќе го организира погребот.

Додека некои на него гледаат како на заштитник на својот народ од заканата од милитантниот ислам, неговите критичари велат дека тој беше брутален диктатор. Каримов беше на чело на поранешната советска република од прогласувањето на независност во 1991.

Тој даваше енергичен отпор на западните повици за почитување на човековите права, велејќи дека не смеат да се мешаат во работите на Узбекистан под изговор дека повикуват за повеќе права и демократија.

Каримов редовно предупредуваше на заканата од страна на милитантните исламисти за стабилноста на Централна Азија, регион богат со ресурси, меѓутоа, критичарите го обвинуваат дека претерува со заканите за опасност за да го оправда справувањето со политичките непослушници.

Узбекистанскиот претседател е роден на 30 јануари 1938 од мајка Таџикистанка и татко Узбекистанец, Тој изразнал во државно сиропиталиште, а потоа брзо напредувал во Советската комунистичка партија. Тој беше член на Советското Политбиро и беше на чело на узбекистанската Комунистичката партија од 1989 до распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Каримов во 1991.
Каримов во 1991.

Каримов има две ќерки, Гулнара и Лола. Поголемата Гулнара Каримова, имаше обид да биде поп- ѕвезда, а беше вклучена и во корупциски скандали. Од 2014 таа е ставена во домашен притвори од тогаш не е видена во јавност. Помалата Лола Каримова-Туљаева е доста истакната во јавноста и е амбасадор на Узбекистан во УНЕСКО.

По осамостојувањето, државата цврсто ја контролираше економијата и покрај притисокот од Меѓународниот монетарен фонд и други организации за воведување на пазарни реформи и либерализација на девизниот пазар.

Каримов ги држеше под својата цврста рака и локалните медиуми, додека големи странски медуми беа забранети. Подобро не поминаа ниту меѓународните организации за човекови права. Хјуман рајтс воч во март 2011 година беше принудена да ја затвори својата канцеларија во Узбекистан после 15 години работа, оти на вработените узбекистанските власти не им одбрија визи и работни акредитации.

Амнести интернешенел не очекува промена на репресивниот режим во Узбекистан по смртта на претседателот на државата Ислам Каримов.

По информациите дека Каримов починал, од Амнести велат дека неговиот наследник веројатно ќе дојде од луѓето од најтесниот круг на Каримов, каде што никогаш не се толерирало спротивно мислење.

„Во текот на 27 годишното владеење на Каримов во земјата длабоко беа занемарени правата и слободите, а кое било несогласување со политиките на власта беше брутално задушувано. Тортурата и апсењата станаа составен дел од правниот систем во земјата“, се наведува во соопштението на заменик-директорот на Амнести интернешенел одговорен за Европа и Централна Азија, Денис Кривошеев.

Странски лидери почнаа да изразуваат сочувство до Узбекистан за смртта на нивниот лидер Ислам Каримов и пред да стигне официјална потврда за смртта на претседателот. Узбекистанските власти претходно денеска соопштија дека здравствената состојба на 78-годишниот лидер е влошена, а неколку часа подоцна новинската агенција Ројтерс, повикувјаќи се на три дипломатски извори јави дека тој починал.

Неколку часа подоцна, премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, на владина седница која беше пренесувана на телевизија, рече дека узбекистанскиот претседател Ислам Каримов починал, велејќи дека Турција ја споделува болката и тагата со узбекистанските граѓани.

Медиумите и новинските агенции цитираат разни извори кои јавуваат дека во земјата се прават подготовки за погребот, а веќе некои лидери потврдиле дека ќе присуствуваат на погребна церемонија. Има информации дека лидерите на соседните земји Киргистан и Авганистан ќе присуствува на погребот на Каримов на 3 септември.
Претседателите на Иран и на Грузија изразија сочуство исто така.
И дипломатски извор во Таџикистан за АФП изјави дека претседателот на земјата утре ќе отпатува во Узбекистан, без да наведе причини за посетата. Ројтерс објави дека Нурсултан Назарбаев, претседателот на соседен Казахстан, ќе ја прекине посетата на Кина и ќе отпатува за Узбекистан.

Цел ден се пишуваше дека Узбекистан се подготвува за погребот на Каримов. Се суредува Самарканд, родното место на претседателот, на главниот плоштад има поставено црвен килим и се поставува озвучување. Има активности и околу џамијата во Самарканд, а соопштено е дека аеродромот во градот утре ќе биде затворен за сите летови, освен за оние за кои ќе има потврда дека мора да се одвиваат на 3 септември.

Узбекистан вчера го прослави Денот на независноста, а Каримов беше отсутен на прославите.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG