Секој втор Русин нема ништо против Чеченија да се осамостои од Русија, покажуваат резултатите од анкетата на независната организација Левада центар.
Студијата била спроведена на целата територија на земјата а резултатите беа објавени кон почетокот на месецов. Се заклучува дека на 24 проценти од анкетираните би им било мило ако Чеченија веќе не е дел од Руската Федерација. Во 2009 оваа бројка изнесуваше 14 проценти.
На 27 отсто од анкетираните им е сеедно, појаснувајки дека не им прави разлика дали Чеченија ќе остане или ќе се одвои од федерацијата. И оваа бројка покажува раст од 1998 година кога 11 отсто од запрашаните го изразиле овој став.
Социологот Лев Гудков вели дека резултатите укажуваат на растечко народно несогласување со чеченските политики на рускиот претседател Владимир Путин, чие доаѓање на власт се поклопува со втората руска војна против Чеченија во 1999 година. Од тогаш Кремљ го назначи синот на убиениот чеченски претседател Рамзан Кадиров за прв човек во републиката.
„Се гледа тенденција која започна со ескалацијата на ситуацијата од времето на втората чеченска војна. Значајно опаѓа бројот на луѓе кои сметаат дека е можно Чеченија да остане дел од Русија. Ако се комбинираат разните одговори, ќе испадне дека половина од населението е подготвено за Чеченија да се отцепи од Русија. Ова укажува на негативни резултати од политиката на Путин во Северниот Кавказ.“
Анкетата покажува опаѓање на бројот на Руси кои подржуваат воена интервенција во Чеченија. Во 2005 година 23 отсто од испитаниците одговориле дека осамостојувањето на Чеченија мора да се спречи па макар и со инволвирање на војската. Во последното истражување годинава, само 10 испитаници се на овој став.
Повеќе од половина од анкетираните одговориле дека не е намалена опасноста од тероризам од Северен Кавказ, а 72 отсто од испитаниците ја опишуваат Чеченија како тензична или експлозивна.
Анкетата навидум го потресе лидерот Кадриов, кој се гордее со мерките за мир и стабилност во Чеченија. Неговиот портпарол во изјава за Радио слободна европа вели:
„Оваа анкета не ја покажува реалната состојба. Денес Чеченската република е стабилен и мирен регион. Апсолутно не верувам во податоците од Левада центарот и не сум сигурен дека луѓето кои ја изготвиле анкетата се загрижени за руската судбина, стабилност и иднина“ вели Алви Каримов, портпарол на Кадриов.
Се гледа тенденција која започна со ескалацијата на ситуацијата од времето на втората чеченска војна. Значајно опаѓа бројот на луѓе кои сметаат дека е можно Чеченија да остане дел од Русија. Ако се комбинираат разните одговори, ќе испадне дека половина од населението е подготвено за Чеченија да се отцепи од Русија. Ова укажува на негативни резултати од политиката на Путин во Северниот Кавказ.Лев Гудков, социолог.