Борис Березовски беше клучна политичка фигура во Русија во деведсесетите години од минатиот век, односно во време на претседавањето на Борис Елцин. Всушност тој го инструментализира Путиновиот подем кон власта.
Подоцна тој од новиот лидер во Кремљ беше принуден да замине во егзил во Британија.
Березовски беше главниот во елциновата ера на олигарси, група политички поврзани бизнисмени кои профитираа од бранот на приватизацијата што следеше по распадот на Советскиот сојуз.
Тие главно ги контролираа енергетскиот, медиумскиот и банкарскиот сектор во земјата.
Тој исто така беше неофицијален лидер на таканаречената „Фамилија“, група луѓе кои со стареењето на Елцин добиваа се поголемо влијание врз политиката на Кремљ.
Во егзил тој стана еден од најострите критикувачи, а во контроверзното интервју од 2007 година за британскиот весник „Гардијан“ тој повика на насилно симнување на Путин од власт.
„Треба да употребиме сила за да го смениме овој режим, бидејќи тој е неуставен. Путин создава авторитарен режим и мислам дека нема да го смениме преку избори“, рече Березовски.
Тој е роден на 23 јануари 1946 година во Москва. Студирал шумарство, а потоа математика и скоро две децении мина на Академијата пред да го преземе раководењето на економските реформи во време владеењето на Михаил Горбачов.
Тогаш тој основа фирма за продажба на автомобили Логоваз и направи мало богатство увезувајќи коли Мерцедес во Русија. Тоа богатство, како и политичките врски, го употребил за да ја преземе контролата врз клучните сектори во руската економија.
Во контроверзната аукција позната како „кредити за акции“ во периодот од 1995 до 1997 година кога бизнисмените можеа да купуваат врвни државни компании за евтини цени, тој и Роман Абрамович ја презедоа контролата врз Сибнефт, шеста по големина фирма во Русија.
Березовски исто така учествувал во смената на раководтсвото на Аерофлот, поставувајќи свои луѓе. Тој и другите олигарси употребија многу пари во медиумите за да му обезбедат реизбор на Елцин во 1996 година.
Березовски потоа кратко време беше секретар на рускиот Совет за безбедност и помогна за мировниот договор со кој заврши војната во Чеченија.
Како што се влошуваше здравствената состојба на Елцин, Березовски и неговите компањони почнаа да бараат негов наследник кој ќе им гарантира продолжување на нивната моќ. Тие го посочија Путин кого Елцин го наименува најпрвин за премиер, а во август 1999 година и за наследник.
Потпомогнат од голема медиумска кампања популарноста на Путин порасна, а по неочекуваната оставка на Елцин на Нова Година, шест месеци пред да истече неговиот мандат, Путин стана вршител на должноста претседател.
Но, тој беше далеку од тоа да им биде послушна фигура на олигарсите и брзо почна да го неутрализира влијанието на Берозовски и другите блиски соработници на Елцин.
Березовски во 2003 година доби политички азил во Британија, а руските власти презедоа низа кривични постапки против него со цел да го вратат во земјата.
„Мислам дека што поскоро Западот сфати оти путиновата Русија не му е сојузник, толку побрзо ќе најде начини за да се заштити“ изјави Березовски.
Наскоро неговото богатство почна да се топи, а лани тој загуби судски процес од над 5 милијарди долари против Роман Абрамович во спор околу акциите на Сибнефт.
Според новинските извешати, во изминативе неколку месеци Березовски ја затворил неговата канцеларија во Лондон и продал дел од имотот, меѓу нив и олдтајмерот „Ролс Ројс“ од 1927 година и познатото дело на Енди Ворхол „Црвен Ленин“.
Во отвореното писмо постирано на Фејсбук во февруари лани тој побара од русите да му ги простат престапите и специјално се извини за тоа што придонесол за подемот на моќта на Путин.

Мислам дека што поскоро Западот сфати оти путиновата Русија не му е сојузник, толку побрзо ќе најде начини за да се заштити.Борис Березовски
Тој е роден на 23 јануари 1946 година во Москва. Студирал шумарство, а потоа математика и скоро две децении мина на Академијата пред да го преземе раководењето на економските реформи во време владеењето на Михаил Горбачов.
Тогаш тој основа фирма за продажба на автомобили Логоваз и направи мало богатство увезувајќи коли Мерцедес во Русија. Тоа богатство, како и политичките врски, го употребил за да ја преземе контролата врз клучните сектори во руската економија.
Во контроверзната аукција позната како „кредити за акции“ во периодот од 1995 до 1997 година кога бизнисмените можеа да купуваат врвни државни компании за евтини цени, тој и Роман Абрамович ја презедоа контролата врз Сибнефт, шеста по големина фирма во Русија.
Березовски исто така учествувал во смената на раководтсвото на Аерофлот, поставувајќи свои луѓе. Тој и другите олигарси употребија многу пари во медиумите за да му обезбедат реизбор на Елцин во 1996 година.
Березовски потоа кратко време беше секретар на рускиот Совет за безбедност и помогна за мировниот договор со кој заврши војната во Чеченија.
Треба да употребиме сила за да го смениме овој режим, бидејќи тој е неуставен. Путин создава авторитарен режим и мислам дека нема да го смениме преку избори.Борис Березовски