Достапни линкови

Трамп вети екстремна проверка на имиграцијата


Трамп: Ќе има ѕид меѓу САД и Мексико
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Трамп: Ќе има ѕид меѓу САД и Мексико

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп повторно вети дека ќе изгради ѕид меѓу САД и Мексико, наведувајќи дека „Мексико ќе плати за тоа“. Тој по средбата со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието во Мекиско Сити додаде дека ако биде избран, сите илегални имигранти ќе бидат допртирани од САД.

Во говорот во Феникс, Аризона, Трамп најави оти планира да воведе иделошки сертификат за имигрантите и укинување на издавањето визи на места каде што не може да се изврши контрола на луѓето.

Тој рече дека имигрантите ќе мора да се вратат дома и повторно да аплицираат за влез во САД.

„Нашата порака до светот ќе биде ова: Вие не може да добие правен статус или да стане државјанин на Соединетите Држави со илегално влегување во нашата земја“, рече тој.

Трамп вети и нови сили за депортација кои ќе имаат задача да ги идентификуваат и да ги отстрануваат најопасните криминални илегални имигранти.

Според него, секоја имиграција од земјите како Сирија и Либија ќе биде забранета во Соединетите Држави.

Тој исто така повтори дека веднаш откако ќе стане претседател ќе почне да работи на, како што рече, „голем и убав ѕид на јужната граница“.

„Ќе изградиме голем ѕид по должината на јужната граница“, рече Трамп.

Пред неговиот говор во Феникс, Трамп имаше средба со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието на кој, како што изјави, му рекол дека Мексико мора да плати за изградбата на ѕидот на границата.

На заедничката прес-конференција во Мексико Трамп рече дека не разговарале за тоа кој ќе плати за ѕидот, но во говорот во Аризона изјави дека сепак на тета а тет средбата му рекол на мексиканскиот претседаел оти тоа треба да го стори Мексико.

Веднаш потоа Пења Нието кој дотогаш молчеше за ова прашање на Твитер напиша: „Во почетокот на разговорот со Доналд Трамп јас јасно кажав дека Мексико нема да плати за ѕидот“.

Пена Нието додаде дека побарал од Трамп да има поголем почит спрема мексиканскиот народ.

„Исто како што се случи со претседателот и пријател Барак Обама, следниот претседател на САД ќе најде во Мексико и неговата влада соседи подготвени да работат конструктивно на натамошно зајакнување на односите меѓу нашите земји за заедно се соочиме со нашите заеднички предизвици“, рече Нието.

Трамп за време на неговата кампања изјави дека Мексико во Соединетите Држави испраќал силувачи и криминалци и оти затоа е неопходен ѕид на границата.

Трамп заостанува зад демократскиот ривал Хилари Клинтон во анкетите за изборите на осми ноември.

Бизнисменот од Њујорк, според посматрачите, очекува посетата на Мексико да придонесе тој да изгради имиџ на претседател кој е подготвен да реши едно горливо прашање во односите со Мексико, имиграцијата.

Клинтон ја критикуваше посетата на Трамп на Мексико.

„Луѓето треба да знаат дека може да сметаат на вас, дека нема еден ден да кажете една работа, а нешто сосема различно следниот ден“, оцени Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG