Достапни линкови

Мрежа за заштита на личните податоци на младите во дебарско


Во Дебар беа претставени и најновите истражувања околу начинот на користење на интернетот, социјалните мрежи, но и начинот на заштита на личните податоци.

Во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше формирана е мрежа за заштита на личните податоци при користење на интернет од страна на младата популација. Оваа активност е реализирана од страна на Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар и граѓанското здружение „Бистра“ со седиште во Ростуше, а во организација на „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД.

Заедно со оваа регионална мрежа е реализирана и Стратегија за работа на мрежата. Во наведените три општини има масовно користење на интернетот и социјалните мрежи од страна на младите при што тие во голем дел не користат псевдоними, туку го користат личното име, а воедно имаат и чести контакти со непознати лица.

Инаку во рамките на овој проект во Дебар беа претставени и најновите истражувања направени на ниво на држава од страна на организацијата Метаморфозис околу начинот на користење на интернетот, социјалните мрежи, но и начинот на заштита на личните податоци.

„Истражувањето направено од страна на организацијата Метаморфозис во врска со користењето на интернетот и заштитата на личните податоци во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Битола, Штип и Неготино покажа дека 93 проценти од анкетираните имаат приклучен интернет, 65 проценти имаат интернет во соба, 91 отсто имаат мобилни телефони, а 50 проценти на својот мобилен телефон имаат и интернет. Во истражувањето е дојдено до заклучок дека 59 проценти при користењето на интернетот и социјалните мрежи, лицата не користат псевдоними, туку ги користат нивните сопствени имиња, 53 проценти од анкетираните велат дека преку интернет комуницираат со пријатели и тоа повеќе отворено отколку тоа би било директно, додека, пак, 10 отсто од младите контактираат со непознати лица“, вели Дона Џамбаска од Метаморфозис.

РСЕ: Какви ефекти очекувате од овој проект кој се однесува на заштита на личните податоци од страна на младите?

„Сметаме дека со формирањето на оваа регионална мрежа за општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше, сметаме дека оние кои имаат потреба ќе се јавуваат, ќе контактираат и успесите нема да изостанат, вели Џамбаска.

Пренесувајќи ги податоците од наведеното истражување, таа додава дека формирањето на оваа мрежа, која има регионален карактер, значи многу во однос на помагањето на младите околу заштитата на личните податоци во користењето на интернетот.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG