Достапни линкови

Евроатлантските интеграции - сè подалечен сон


На самитот на НАТО во Варшава, што се одржа овој месец, основниот предуслов за решавање на спорот со Грција не беше исполнет, а во меѓувреме политичка криза наметна дополнителни барања од земјава.

Македонија, наместо да се приближува кон евроатлантските интеграции, исполнувајќи ги потребните реформи и задачи што постојано ни ги повторуваат претставниците на меѓународната зедница, добива список со нови обврски којшто сè повеќе се проширува. На самитот на НАТО во Варшава, што се одржа овој месец, основниот предуслов за решавање на спорот со Грција не беше исполнет, а во меѓувреме политичка криза наметна дополнителни барања од земјава.

Поранешниот дипломат Благој Зашов вели дека неспроведувaњето на договорот од Пржино е причина за зголемување на барањата и притисоците што доаѓаат од надвор и оценува дека Македонија оди во погрешен правец.

„И понатаму барањата од ЕУ ќе ескалираат, бидејќи сегашната гарнитура на власт нема намера да постапи според барањата на ЕУ поврзано со договорот од Пржино“, вели Зашов.

Малинка Ристевска Јорданова изјави дека денес е сосема јасно оти деградацијата на демократските стандарди во Македонија мора да се спречи и оти тоа е најважната поука која треба да се извлече. Таа тврди дека проблемот е што Македонија ги крши и не ги исполнува условите што порано како земја сме ги исполнувале.

„Не се работи за нови услови. Условите се стари. Проблемот е што сами си поставувавме нови услови со постојано влошување на демократските стандарди. Се работи за тешка политичка одговорност за тоа што оваа Влада ја уништи тешко градената меѓународна позиција на Македонија“, вели таа.

Веќе се одржа совет на министри за надворешни работи во Брисел, кој заврши без конкретни заклучоци. Експертите оценија дека барањето да се расправа за ситуацијата во Македонија на Советот на ЕУ во Брисел е еден вид притисок врз македонските политичари да работат интензивно на решавање на кризата. Брзо решавање на кризата и спроведување на договорот од Пржино се клучните обврски што ги очекува Зашов со цел да се стави крај на спиралата на нови обврски што се поставуваат пред Македонија од претставниците на меѓународната заедница.

„Мора некое расчистување конечно да биде тогаш кога ќе се сменат условите за владеење во Македонија“, вели тој.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG