Интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за РСЕ на македонски предизвикало лавина реакции на нашата Фејсбук страница. Главно негативни, од тоа дека власт не се освојува без избори и дека „треба да излезете на избори да ве гласаат за да ја добиете власта, не да бегате од избори‟ - како што постирал Слободан Петков, или „Хахаха, Зајко за премиер, кога јас ќе успеам да си го видам тилот‟, како што напишал Аце Самаров. Но Божин Пешиќ има спротивно мислење: „Ај не ... Зоран ваков, Зоран онаков. Ако сте толку писмени и умни одете на негово место, слепци, водете ја вие државата. Десет години сте на власт, што арно видовме – само сиромаштија, ама избори се затоа за да избереш кој не чини да си оди, ни во турско не било вака како досега‟. А Кадри Рушани постирал: „Господине Заев, само ти можеш да го спасиш овој народ што страда од сиромаштија, доста ни се овие криминалци што ја украдоа државата, Господ нека ти е на помош...‟
ВМРО-ДПМНЕ веднаш го оцени интервјуто на Заев како „празно и конфузно‟, на што Сашо Станикиевски ја коментира програмата на владејачката партија: „Море, море, програмиве... за овие 10 години се исели скоро цела младина, па и стари. Ја опљачкавте државата, баш супер програма имате вие од ДПМНЕ!‟
Изјавата на Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесела и жртви за спас на државата, ја испровоцирало Жаклина Мијалковиќ да постира: „Нема потреба од сатанистички ритуали со жртви, гаду! Врати ги парите и правец затвор Идризово!‟ Александар Шилјо Мијовски, пак, прашува: „Сега ти текна дека државата треба да се сака повеќе од партијата????? Ни буква не ти верувам повеќе!‟ „Грујо, не ми е криво што ме лажеш, криво ми е ако мислиш дека ти верувам!‟ - постирал Игор Димоски.
И Ѓорѓе Иванов со своето обраќање до нацијата предизвикал околу 50-ина коментари од наши фанови. „Абе, човеку, нè копаш во земја сè подлабоко со твоите константни грешки и глупости. Изгубен си во простор и во време...‟ - запишал Дарко Јордановски. Генерално, сите коментари се негативни, освен оној на некоја Снежана Димовска која смета дека претседателот покажал и докажал како се сака и почитува сопствениот народ.