Достапни линкови

Шарената револуција со нов план за излез од политичката криза


Боја за Влада и Собрание, но и гатачка на протестите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

На денешните протести на таканаречената Шарена револуција демонстрантите повторно ги офарбаа Владата и Собранието. На протестите се појави и мистериозна гатачка. Демонстрантите за понеделник на годишнината од смртта на Мартин Нешковски најавија нова стратегија за излез од политичката криза.

Вие кривични, ние похрабри-порачаа денеска демонстрантите на таканаречената Шарена револуција. И денеска протестите беа против кривичните пријави поднесени за демонстрантите. Тие традиционално се собраа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство од каде продолжија кон влада, па пред Собрание каде завршија протестите.

Повторно цел на балоните со боја беа Владата и Собранието, при што демонстрантите извикуваа „Многу ни е добар чаталот“. Уште еднаш зградите беа офарбани во боите на Шарената револуција. На протестите се појави и мистериозна гатачка, која го криеше лицето, но носеше магична кугла и карти за предвидување на иднината.

Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања. Ја повлекуваме црвената линија.

Демонстрантите порашаа дека на протестите во понеделник кога е и годишнината од смртта на Мартин Нешкоски ќе започнат нов план и рокови за излез од политичката криза. Според нив, на властите им дале доволно време и дошол часот да се стави крај на кризата. Нашето трпение помина, наведоа тие и неа повеќе изговори и бегање од граѓаните кои речиси два месеца, храбро и истрајно се бореле против режимот.

„Во понеделник соопштуваме бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања. Ја повлекуваме црвената линија! Од понеделник одбројуваме! Кризата траеше доволно долго! Во понеделник, граѓаните ќе кажат како ќе ја надминеме! Нема веќе да не гледаат од шест, но ќе не гледаат секој ден – се посилни. Од 6 јуни веќе ништо нема да биде исто!“

Учесниците на протестите меѓу другото бараат целосно повлекување на политичките помилувања, оставка од претседателот Ѓорге Иванов и формирање техничка влада која треба да создаде услови за фер и демократски избори.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG