Достапни линкови

Немате место за сите што се чаталиме, порачаа демонстрантите


Протести пред полициската станица Пролет
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Протести пред полициската станица Пролет

По неколку часа поминати во полициската станица Пролет возачот на комбето кое е дел од Шарената револуција е пуштен на слобода. За сега полицијата не покренала никаква пријава. По претресот на возилото, му е дозволено да си го земе, но чаталите и боите со кои демонстрантите во изминативе денови ги боеја институциите во знак на револт беа запленети. Претходно неколку стотини демонстранти се собраа пред полициската станица Пролет на протест во знак на поддршка за приведениот демонстрант.

Претпоставувам дека ниту сообраќајците не знаеја зошто го собираат, никој не покажа налог ниту било каков документ за законски да го приведат, а немаше ниту објаснување зошто тој треба со нив да вози до полициската станица, вели Богоев

Од МВР потврдија дека е приведено едно лице на 54-годишна возраст, возач на „пикапот“ од кој се пушта музика на секојдневните антивладини протести и е задолжен за озвучувањето. Додека трае сослушувањето, не можеме да дадеме повеќе детали за причините за приведувањето, претходно изјавија за Радио Слободна Европа од СВР Скопје. Приведувањето се случило по вечерашните протести пред Порта Македонија во Скопје.

Стефан Богоев, пратеник од СДСМ којшто лично сведочел како бил приведен демонстрантот, вели дека полицијата го привела без налог по завршувањето на протестот пред Порта Македонија.

„ Претпоставувам дека ниту сообраќајците не знаеја зошто го собираат, никој не покажа налог ниту било каков документ за законски да го приведат, а немаше ниту објаснување зошто тој треба со нив да вози до полициската станица. Очигледно дека ова е уште еден обид на ВМРО ДПМНЕ да ги заплаши учесниците во Шарената револуција

Демонстрантите симболично во дворот на станицата оставија пријави за високите функционери од ВМРО ДПМНЕ за кривични дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Демонстрантите на полицијата ипорачаа дека не може сите да ги уапси.

Демонстрантите пред полицијата извикуваа „Слобода“ и „Држава полициска“. Станицата е под силно полициско обезбедување.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG