Достапни линкови

Повторно обоена Порта Македонија


Селективна правда е неправда, порачаа демонстрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Селективна правда е неправда порачаа демонстрантите

Демонстрантите им порачаа на властите дека не им ги забораваат контролираните медиуми, заробените институции, уништената демократија, како и затворените учесници на протестите.

Фокусот на протестот предводен од граѓанското движење „Протестирам“ денеска беше насочен кон Порта Македонија, во која со два големи импровизирани чатала беа исфрлувани балони полни со боја. Полициски кордон не им дозволи на демонстрантите да се упатат кон плоштадот Македонија и споменикот “Воин на коњ“. На насобраните граѓани им се обратија повеќе говорници, кои ги објаснуваа личните мотиви зошто излегуваат на протест секој ден. Тие им порачаа на властите дека не им ги забораваат контролираните медиуми, заробените институции, уништената демократија, како и затворените учесници на протестите.

Активистката Жаклина Мијалковиќ рече дека се пријавила да зборува на протестот затоа што на нејзините другари Владимир Куновски и Здравко Савевски од Левица утре ќе им се суди за дело што не го направиле.

„ Моите другари се луѓе кои не се откажуваат. И на крај ќе победат и ќе го добијат она што го бараат“ – рече Мијалковиќ.

По нејзиниот говор следеше неколку минутно скандирање на името на Савевски.

Активистката Симона Спирковска на поранешниот премиер Никола Груевски му порача дека нема да му ги заборави медиумите, Мартин Нешковски, малата Тамара како и малтретирањето на средношколците.

„За сите ќе ни платиш Николај. Додека ти се бориш да си ја спасиш сопствената кожа, евентуално и кожата на батко ти Сашо, ние се бориме за демократија. Додека ти и фикусот го браните ајварот, ние ја браниме демократијата. Играјте си вие слободно со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго“ порача Спирковска.

Демонстрантите порачуваат дека нема да запрат сè додека целосно не се повлече аболицијата, бидејќи за нив е неприфатливо парцијално повлекување.

Претседателот Ѓорге Иванов во петокот соопшти дека ја повлекува аболицијата за 22 лица кои се политички истакнати. Сите други на списокот од претходно аболираните 56 луѓе имаат можност да поднесат лични барања за поништување на одлуките за нивно помилување.

Протестите, како и вообичаено, почнаа во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, за поддршка на оваа институција.

Демонстрантите освен целосно укинување на политичките помилувања, бараат и оставка од претседателот Ѓорге Иванов и формирање техничка влада која треба да создаде услови за фер и демократски избори.

XS
SM
MD
LG