Достапни линкови

САД и ЕУ против делумното повлекување на аболицијата


Илустрација
Илустрација

Еврокомесарот Јоханес Хан реагира дека селективното повлекување на аболицијата не е доволно. Амбасадата на САД, пак, смета дека така се зголемува чувството на неказнивост во земјата.

Делумното повлекување на аболицијата не е доволно ниту за Европската Унија, ни за САД.

„Одлуката на Иванов за делумно повлекување на амнестијата не е доволна. Потребно е сеопфатно решение“, порача еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер.

Американската амбасада, исто така социјалните мрежи, реагира дека парцијалните и селективни поништувања на амнестија ќе придонесат кон растечко чувство на неказнивост во земјата. Според САД, ова ќе ја спречи Македонија да направи напредок кон нејзините најважни цели, вклучувајќи го и напредокот кон НАТО и кон ЕУ.

„Македонија мора да го реши ова прашање сеопфатно“, наведува амбасадата на САД во земјава.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во изјава за агенцијата Мета, дополнува дека на претседателот Иванов повеќе пати му е кажанодека аболицијата „мора целосно да биде поништена без одложување, за да се зачува принципот на одговорност и да се обезбеди еднаков третман пред законот и да се избегне селективната правда“.

Претседателот Иванов денеска рече дека ја повлекува аболицијата за 22 политички истакнати личности, од 56 колку што беа помилувани. Повлечена е аболицијата на политичарите, но не и на нивните соработници.

Шарената револуција вечерва исто така протестираше против селективна правда.

XS
SM
MD
LG